Шпанија утре излегува на најнеизвесните избори во последните четири децении

Шпанија утре излегува на едни од најнеизвесните парламентарни избори во последните децении, на кои пет партии со различна ориентација имаат прилика да формираат влада и чиј резултат е тешко да се прогнозира.

Гласањето во недела може да донесе некои сосема нови ситуации: прва коалициска влада откако Шпанија ѝ се врати на демократијата кон крајот на 1970-тите, први парламентарни претставници од крајната десница од 1982 и прва предизборна кампања по економската криза која не е фокусирана на економијата.

По гласањето се очекуваат долги преговори околу формирањето на владата, што би можело дополнително да придонесе на политичката неизвесност моментално присутна во Европа. Предизборната кампања заврши синоќа на полноќ, а гласачките места ќе затворат утре во 20 часот. Пребројувањето практично би требало да заврши околу полноќ.

Ниедна партија нема да добие доволно пратенички места за самостојно формирање влада, а анкетите, од кои последната беше објавена во понеделникот, по двете телевизиски дебати во кои учествуваат лидерите на четирите најголеми партии, укажуваат дека новиот шпански парламент ќе биде исклучително фрагментиран.

Во трката, покрај традиционалните партии од левиот и десниот центар, се и Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) и Народната партија (ПП), лево ориентираната партија Подемос, како и партијата од центарот Граѓани и десно ориентираниот Вокс.

Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ), левиот центар на премиерот Педро Санчез, е на врвот на рејтинг листата и би можела да добие нешто помалку од 30 отсто од гласовите, покажува анкетата на весникот Ел паис.

Со тоа би станала кандидат со најголеми шанси за предводење на колаициската влада. Но, засега нема никакви гаранции дека ќе успее да се поврзе со некоја од останатите партии, што е неопходно за добивање мнозинство во парламентот, и со тоа формирање влада.

Можни се и други сценарија, меѓу кои и колаиција на десните партии или пак распишување нови избори, ако партиите не се договорат за коалиција. Затоа би можеле да поминат месеци пред новата влада во Шпанија да биде конечно формирана.

Последните анкети покажуваат дека четириесет отсто од гласачите не знаат кому ќе го дадат својот глас. Особено непредвидлив ќе биде резултатот на десничарската партија Вокс, која на почетокот на годината оствари неочекувано висок резултат на регионалните избори во јужната покраина Андалузија. Противејќи се на независноста на Каталонија и големото пристигнување на емигранти, партијата, означена како „крајна десница“, а која себеси се смета само за десница, би можела да првата од тој спектар која ќе влезе во парламентот по речиси четири децнии. На тоа укажуваат сите анкети.

Според сценариото оптимистично за традиционалните противници на социјалистите, премиерот Санчез би можел да остане во премиерската фотеља само со еден сојузник, Подемос. Анкетите, пак, покажуваат дека ќе им треба и поддршката од малите регионални партии, најверојатно оние од Каталонија кои заговараат независност. Благодарение на гласовите на тие партии Санчез во јуни стана претседател на владата, за време на парламентарно гласање недоверба на неговиот конзервативен претходник Маријано Рахој.

Својата поддршка каталонските партии продолжуваат да ја условуваат со референдум за независност на Каталонија, на што Санчез се против и поради што десните партии го обвинија премиерот за „предавство“ и соработка со оние „што ја уриваат државата“.

Трите партии од центарот и десницата, Народната партија, Граѓаните и Вокс, не ги добиваат потребните 176 од 350 пратеници за формирање влада, покажуваат последните анкети. Но, претходни анкети укажуваат дека може да го добијат доволниот број пратенички места.

Едно од можните сценарија за формирање влада би била коалиција на социјалистите со партијата од центарот Граѓани, но нејзиниот лидер Алберт Ровера го отфрли можниот договор со Санчез. Санчез одговори дека тоа не влегува ни во неговите планови, иако не ја отфрли целосно таа можност.

Како фаворит во анкетите, Санчез ги разгледува сите опции од кои ниедна не му е идеална.

Но едно е, меѓутоа, сигурно – крајот на двопартизмот кој доминираше со шпанската политичка сцена речиси 40 години и кој почна да се урива во 2015. Левиот и десниот центар, Шпанската социјалистичка работничка партија и Народната партија, кои константно се менуваа на власта, повеќе не можат самостојно да формираат влада.

Предизборната кампаеа досега се фокусираше на идентитетот и вредностите, оставајќи ја економијата на секундарна позиција. Тоа последен пат се случи пред економската криза во земјата која почна во 208 година.

Барањето за независност на Каталонија, покраината со 7,5 милиони жители на брегот на Средоземното Море, ги подели мислењата во државата, но и во самата покраина. Случајот има и тежина и привлекува внимание имајќи предвид дека сѐ уште трае судењето на дванесетмината поранешни каталонски функционери за организирањето на референдумот во 2017 и покрај забраата од уставниот суд.

Народната партија, Граѓаните и Вокс се борат за гласовите на заговорниците на целосна Шпанија, но тоа го прават и социјалистите. Особено откако каталонските партии за независност го урнаа во парламентот нивниот предлог за буџетот, поради што Санчез, неможејќи да го провлече буџетот за 2019 година, мораше да ги распише овие вонредни избори.

Поради растечката популарност на Вокс, Народната партија сврте дополнително надесно. ПСОЕ, пак, сврте дополнително влево поради Подемос и помалите леви партии кои би можеле да им ги изедат гласовите. Партиите така во етерот исфрлија различни теми, од правата на жените до контроверзното преместување на посмртните остатоци на диктаторот Франциско Франко од мавзолејот одалечен 40 километри од Мадрид.

Сите големи партии меѓусебно се обвинуваат за корупција, додека економијата остана во втор план на нивните дебати. Оваа година шпанската економија би требало да порасне по стапка од 2,2 отсто.

Во последните три години Шпанија имаше малцински влади на конзервативците, а потоа и на социјалистите, што според мислењето на Брисел ги одложи структурните економски реформи. Барем оние кои би ги сакала Европската комисија, извршното тело на ЕУ.

Иако социјалистите воведоа мерки како згоелмување на пензиите и минималната плата, не успеаја да го протуркаат буџетот низ парламентот. Тој не доби доволен број гласови па сега се продолжува буџетот од 2018. Со тоа не стапија на сила некои зголемувања на даноците со кои Шпанија дополнително би го намалила буџетскиот дефицит, иако тој лани се наоѓаше на 2,48 отсто од БДП, што е под 3 отсто на кои инсистира Брисел.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе