Американскот експерт за Балканот

Сервер: Ова е проблем за Косово

Американскиот експерт за Балканот Даниел Сревер кажа дека е изненаден од одлуката на Специјалното обвинителство во Хаг за објавување на обвинението против косовскиот претседател Хашим Тачи и поранешниот претседател на косовскиот парламент Кадри Весељи.

EPA-EFE

Сервер во авторски текст истакна дека обвинението не е само лично прашање за Тачи и Весељи, туку е институционален и меѓународен проблем за Косово.

„Ова ме изненади. Прво, бидејќи се сомневав дека сѐ уште има доволно докази дури и да се поднесат обвиненија. Второ, бидејќи доаѓа само неколку дена пред Приштина и Белград да ги испратат делегациите во Вашингтон на разговори под покровителство на Трамповата администрација. Претпоставувам дека некој мислел дека објавувањето на ова тајно обвинение ќе доведе до притисок врз Тачи“, смета тој.

Разговорите ќе можат да се одвиваат во секој случај „бидејќи и уставниот суд и косовското собрание одлучија дека одговорноста за дијалогот ја носи владата на чело со Авдулах Хоти, а не претседателот’.

Сревер истакнува дека тоа Хоти ќе го стави под политички ризик, но дека е тоа тест и за Тачи и за Весељи.

„Ако нивните обвиненија бидат потврдени, двајцата ќе треба да поднесат оставки и да заминат во Хаг да се бранат, како што тоа неколку пати го направи и поранешниот премиер (Рамуш) Харадинај. Нивните оставки би оставиле вознемиреност на косовската политичка сцена. Собранието ќе треба да го замени Тачи, што би бил голем предизвик по обвинението“, оценува Сервер.

„Ни Европа ни Америка нема да бидат заинтересирани да се сретнат или да им помогнат на политичарите под обвинение. Резултатот ќе биде меѓународна изолација. Политичкиот одговор на Косово ќе биде пркос. Тешко е да се замисли што било позитивно од таквата конфронтација. Шансите за меѓународни инвестиции, соработката со НАТО, патувањето без визи во ЕУ и другите аспирации ќе бидат загрозени“, наведува тој.

Смета дека Белград ќе биде задоволен од обвинението, и поради тоа што бараше правда за злосторствата над Србите по војната, и поради тоа што обвинението ќе ѝ даде поттик на Србија во сите преговори со Европа и САД.

„Белград можеби ќе се обиде повторно да го отвори прашањето за територијален компромис со Косово, тврдејќи дека обвинението докажува дека од Србите не треба да се очекува да живеат во земја во која доминираат злосторнички непријатели“, заклучува Сервер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе