Член на Европскиот економски и социјален комитет

Сер Греам Вотсон: ЕУ мора да ја потисне руската пропаганда во Западен Балкан и итно да реагира

Перспективата за членство во ЕУ можеби веќе не е доволна за да осигури безбедност и стабилност на Западен Балкан и ЕУ треба да ја потисне руската пропаганда и подобро да го „прикаже“ своето ангажирање и влијанието на своето присуство во регионот, вели Греам Вотсон, член на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСЦ).

Во текст за Еурактив сер Вотсон вели дека не треба да се биде теоретичар на заговор за да се забележи сè поочигледното присуство на Русија на прагот на ЕУ.

Денес Русија се натпреварува со ЕУ за улога на Западен Балкан, активна е дури и во земјите-членки на ЕУ во регионот, градејќи влијание врз основа на блиските историски и културни врски и користејќи ги политичките и економските проблеми за да го прошири своето влијание, вели тој.

Сер Вотсон проценува дека извештаите за напредокот кон ЕУ, кои треба да бидат објавени на 17 април, ќе покажат дека поддршката за членството во ЕУ на Западен Балкан останува силна, но подложна на ерозија.

Затоа перспективата за членство можеби веќе не е доволна за Западен Балкан, па ЕУ треба да ја потисне руската пропаганда и подобро да го „изрекламира“ своето ангажирање, како и влијанието на своето присуство во регионот, вели Вотсон, додавајќи дека ЕУ има потреба од нов, посигурен пристап кон Западен Балкан.

Дострелот на Русија се забележува од Тираспол (Молдавија) до Тирана. Mешањето на Москва функционира и јавната поддршка за пристапување во ЕУ во регионот е во опаѓање, пишува сер Вотсон.

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини во март минатата година рече дека политичката нестабилност на Западен Балкан може да предизвика регионот да стане шаховска табла за геополитичкиот судир меѓу Русија и Западот.

Затоа, смета сер Вотсон, добро е тоа што во моментов со ЕУ претседава балканска земја.

Бугарија го врати Западен Балкан на агендата на ЕУ и, по долг период на „замор од проширување“, во Брисел е обновената свеста за потребата да одговори на европските амбиции на жртвите на последниот оружен судир на континентот.

Жан-Клод Јункер во говор во 2014 година, кога стапуваше на должноста претседател на Европската комисија, ја отфрли можноста за проширување на ЕУ за време на неговиот мандат на Комисијата и го истакна чувството на „замор од проширувањето“, а сега во програмата на претседателствувањето на ЕУ Бугарија инсистира на проширување на ЕУ како клучен приоритет.

Бугарија најави дека нејзиното претседавање ќе биде балканско претседавање и дека ќе работи и на давање јасна европска перспектива за Западен Балкан.

Сер Вотсон вели дека постојат акциони планови за секоја земја, без нереални очекувања, но со конкретни чекори.

Клучен елемент на овој процес е дијалогот и затоа бугарското претседавање организира неформален самит на шефови на држави и влади во мај. Така, 15 години по самитот во Солун, шесте лидери на Западен Балкан ќе се сретнат со лидерите на ЕУ, овојпат во Софија.

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе