Израелски избори

Се водат долги разговори за коалиција, првите резултати велат битката е изедначена

Ривалите Бенјамин Нетанјаху и Бени Ганц рекоа дека ќе формираат коалиција, додека броењето и понатаму продолжува.

И Бенјамин Нетанјаху и неговиот главен ривал, Бени Ганц, ветија дека ќе ја раководат следната влада на Израел, и покрај раните резултати и излезните анкети, кои се чини дека покажаа дека не постои јасен пат за формирање коалиција.

Нерешениот резултат од вторите избори во земјата годинава би можел да го втурне Израел во уште поголем политички хаос, со неколкунеделно напнато разговарање за постигнување политички договор или дури и со трети избори.

Со преброени 62% од гласовите, според официјалните резултати опозициската Сино-бела партија има 25,66%, а ривалот Ликуд 25.03%, со разлика од вкупно 25.000 гласа меѓу нив.

Израелските весници, повикувајќи се на извори од изборната комисија, објавија дека биле преброени околу 90% од гласовите и дека тие покажале мртва трка меѓу двете главни партии на 32-те места во Кнесетот, под 61 што се потребни за да се обезбеди парламентарно мнозинство.

Со оглед на тоа што и Нетанјаху и Ганц речиси сигурно ќе бараат поддршка од помалите партии за формирање влада, малите разлики во официјалните резултати би можеле значително да го променат исходот од гласањето. Големиот одѕив на арапското малцинство во Израел исто така може да влијае на резултатот.

Нетанјаху се обиде да го продолжи својот рекорд на најдолготраен премиер, склопувајќи сојузи со тврдокорни религиозни политичари и апелирајќи до екстремно десничарските ултранационалисти.

Во говорот во 3.30 часот пред својата партија во Тел Авив, премиерот намуртено зборуваше на сцената со зарипнат глас, откако го помина денот обраќајќи им се на своите приврзаници со мегафон.

„Во следните неколку дена, ќе ги започнеме преговорите за формирање силна, ционистичка влада со цел да се избегне опасна, антиционистичка влада“, рече тој.

Ганц ноќва исто така повика на обединета влада со членовите на партијата Ликуд на Нетанјаху, но не и со самиот нејзин лидер. „Ние ќе дејствуваме за да формираме влада на широко единство што ќе ја изрази волјата на луѓето“, им рече тој на приврзаниците на постизборниот митинг во Тел Авив. Сепак, тој предупреди дека ги чека конечните резултати.

Израелската изборна комисија соопшти дека 69,4% од сите квалификувани гласачи гласале на изборите во вторникот, нешто поголем процент отколку претходното гласање во април, кое пропадна кога Нетанјаху не успеа да формира влада.

Откако ќе се пребројат гласовите, лидерите на партиите ќе му препорачаат на претседателот кого планираат да го поддржат како лидер. Претседателот тогаш ќе ја задолжи таа личност да формира влада, оставајќи ѝ до шест недели за да го стори тоа.

Излезните анкети покажуваат дека Ганц може да биде таа личност, особено ако успее да склучи договор со арапските партии во Израел.

Нетанјаху, кој во предизборната кампања го демонизираше значајното палестинско арапско малцинство во земјата како петтоколонашко, им рече на своите приврзаници дека тоа никогаш не може да се случи.

„Ниту ќе има ниту може да има влада што ќе се потпира на антиционистичките арапски партии“, рече тој. „Тоа едноставно не може да биде. Тоа е незамисливо“.

69-годишниот лидер се бори не само за својот политички живот, туку и за својата слобода. Судските предрочишта за три случаи на корупција против него почнуваат за само неколку недели, а мнозинството во парламентот со 120 места може да му помогне тој да добие имунитет и да не биде гонет.

Ганц предводеше кампања фокусирана на разорните политики и личните скандали на Нетанјаху, претставувајќи се како чиста и одговорна алтернатива.

За да добијат поддршка од израелските десничари и доселеници, обајцата се обидоа да го продадат ветувањето за проширен Израел, чии граници ќе се протегаат длабоко на палестинската територија.

Нетанјаху минатата недела вети дека ќе припои и третина од окупираниот Западен Брег како дел од Израел, доколку биде реизбран, а Ганц брзо го обвини својот политички противник дека украл негова идеја.

Претседателот Рувен Ривлин рече дека ќе стори сè што е во негова моќ за да се избегне уште една изборна кампања.

Обидите на Нетанјаху во мај не успеаја откако сојузничкиот ривал Авигдор Либерман одби да влезе во коалициската влада освен ако премиерот не се согласи да ги заузда еврејските ултраортодоксни политичари. Популарноста на Либерман, стабилен секуларист, е зголемена, па од овие избори тој може да излезе како човекот што ќе го донесе на власт новиот премиер.

Обраќајќи се пред своите приврзаници доцна во вторникот, Либерман рече дека сака широка секуларна коалиција и со сино-белите и со Ликуд.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе