Се шири снимка од „проектил“ што наводно го погодил магацинот во Бејрут, погледнете ја оригиналната (ВИДЕО)

Набрзо по експлозијата која предизвика големо разурнување во Бејрут на социјалните мрежи почна да се шири снимка која сугерира дека експлозијата е резултат на напад со проектил, а не несреќен случај, односно на пожарот во пристанишниот хангар кој се чувале илјадници тони експлозивен амониум нитрат.

Screenshot

Снимката, која изгледа како негатив на оригинална снимка, е претставена како снимка од термална, односно инфрацрвена камера. На неа, точно пред долгата, голема експлозија, се гледа проектил кој го погодува магацинот кој веќе гори по првата, помала експлозија.

Само на Твитер снимката е споделена над 7.000 пати, а објавена е и на Фејсбук и Твитер, каде во еден ден е погледната 350.000 пати.

„Најблискиот агол на експлозијата е достапен онлајн. Сѐ уште верувате дека ова бил несреќен случај?“, пишува во описот на видеото на Јутјуб.

Меѓутоа, кога проверувачите на факти од Белингкет, Си-ен-ен и Асошиејтед прес ја анализирале снимката, утврдиле дека станува збор за очигледна монтажа, односно евтина манипулација на оригиналната снимка – која воопшто не е термална.

„Некои несмасни снимки тврдат дека се доказ за проектил кој го погодил бејрутското пристаниште, што наводно ја предизвикало експлозијата. Еве споредба на „термалното“ лажно видео со оригиналното видео при нормална брзина, ½ и ¼ од нормалната брзина“, напиша на Тбитер Џејк Голдин, продуцент на порталот Њузи и независната истражувачка страница Белингкет, со видеото.

На споредната и забавената снимка јасно се гледа дека на оргиналната снимка нема никаков проектил, од што може да се заклучи дека тој е монтиран на изменетата снимка.

„Со нафрлање филтер за ефект на негатив на видеото одеднаш ќе откриете проектил кој е невидлив на оригиналната снимка. Камерите не функционираат така. Визуелната информација мора прво да постои на оригиналната снимка!“, додава Голдин.

Асошиејтед прес во својата анализа пишува дека проектилот изгледа како земен „од цртан филм“.

„Како што се приближува проектилот на својата мета, неговата големина и аголот се менуваат. Околу 8 секунди од почетокот на видеото проектилот исчезнува без да погоди што било“, додава АП.

Истражувачката новинарка на Ен-би-си Емануел Салиба пренесе спореден приказ на уште едно монтирано видео со „проектил“ кој „го погодува“ магацинот, заедно со оригиналното видео на кое го нема.

Професорот Хени Фарид од Универзитетот Беркли во Калифорнија, специјализиран за дигитална форензика, потврди за АП дека проектилот е „очигледно лажен“.

„Покрај тоа, проектилот изгледа едноставно преголем за да биде физички возможен и нема заматување при движењето на проектилот кое би било очекувано имајќи ја предвид брзината со која би требало да лета“, додава Фарид.

„Тоа е всушност проектил од цртан филм кој не изгледа ни приближно слично на вистински проектил кој ја погодува метата. Да е малку помелку аматерски, би можеле да го идентификуваме типот на проектилот, да ја процениме траекторијата на повторното влегување и брзината и да побараме дигитални артефакти. Но ова не е доволно добро за воопшто да се замараме со тоа“, коментира и Џефри Луис, експерт за проектили на Мидлбери институтот за меѓународни студии во Калифорнија.

Дури и авторот на оригиналната снимка, продуцент за социјални мрежи на каналот Си-ен-ен Арабик, Мехсен Мектфе, потврди дека неговата снимка „не прикажува проектил“.

„Можам да истакнам дека не сум видел никаков проектил и не сум слушнал никаков авион или дрон над мене“, додаде Мектфе за Си-ен-ен.

Портпаролот на Јутјуб соопшти дека социјалната мрежа ги отстранила спорните снимки веднаш штом ги открила, а портпаролот на Твитер соопшти дека видеото на нивната платформа е означено како „манипулирано“.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе