„Ние доаѓаме“

Се наѕира приватизација на војната: Морничава реклама најавува приватизација на војните на Блискиот Исток (ВИДЕО)

Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис си заминува од таа функција, а дури сега се откриваат дел од можните последици, кои би можеле да значат пресврт во војната во Авганистан.

Оставката на Матис следеше откако американскиот претседател Доналд Трамп нареди повлекување на 2.000 американски војници од Сирија, а најави и дека тоа ќе го направи со 7.000 војници во Авганистан.

Потоа се случи нешто поради што голем број експерти за безбедност ги кренаа веѓите. Приватната војска Блеквотер објави голем оглас во магазинот за оружје и лов Рикоил. Огласот изгледа многу заканувачки – на црна заднина пишува само „Ние доаѓаме“.

Според весникот Милитари тајмс, тоа би можело да значи дека војната во Авганистан, најдолгата американска војна на денешнината, како и некои други би можеле да бидат приватизирани.

Ако се врати Блеквотер, тоа ќе биде враќање на приватната војска која беше забранета во Ирак, но беше „ребрендирана“ и никогаш всушност не престана да постои. Платениците на Блеквотер убија 17 цивили во 2007 година пукајќи во нив на плоштад во Багдад во една од најлошите епизоди во ирачката војна. До 2016 година Блеквотер беше неколку пати ребрендиран и реконструиран, а беше познат и како Констелис груп, кога го купи компанијата Аполо холдингс груп. Ројтерс претходно годинава соопшти дека Констелис е на продажба, но во јуни продажбата беше паузирана.

Рекламата во Рикоил сугерира дека Блеквотер планира самостојно враќање, но не е јасно во каква форма. Адвокатите на основачот и поранешен извршен директор на Блеквотер Ерик Принс кажаа дека во овој момент не можат ништо да соопштат.

Принс ѝ се додворуваше на администрацијата на Трамп откако тој стана претседател и се обидуваше да ја промовира идејата дека 17-годишната војна во Авганистан никогаш нема да може да се добие со традиционална воена кампања. Тој тврди дека војната е прескапа и дека има подобар план за нејзино завршување.

Во едно од интервјуата за Милитари тајмс Принс кажа дека тој би ја прекинал мисијата на НАТО во Авганистан и наместо 23.000 војници на Алијансата, тој би довел 6.000 платеници и 2.000 активни припадници на специјалните сили.

Потенцијалната приватизација на авганистанската војна претходно беше отфрлена од страна на Белата куќа, и Матис остро ја критикуваше, сметајќи дека е преопасно целите на националната безбедност да се предадат во рацете на платеничка војска.

Меѓутоа, Матис даде оставка, на големо изненадување на Пентагон, и тоа сега ја отвора можноста за „драматични промени“ во начинот на водењето на војните, заклучи неименуван извор на американското министерство за одбрана за Милитари тајмс.

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе