Се ладат односите на Москва и Анкара: Гасот ги „ниша“ односите на Русија и Турција?

Односите на Русија и Турција, по сѐ изгледа, повторно влегуваат во „студена фаза“. Освен разликите во ставовите околу ситуацијата во граничниот дел на Сирија и Турција, како и во Либија, се појави и проблем со големиот долг на приватните турски компании на Газпром.

EPA-EFE

Руските министри за надворешни работи и одбрана Сергеј Лавров и Сергеј Шојгу планираа да отпатуваат во Истанбул на 14 јуни, но тој пат е одложен, бидејќи експертите не успеале да дојдат до предлог договор. А на дневниот ред биле токму прашањата на Сирија и Либија. Лавров само телефонски разговарал со турскиот колега Мевлут Чавушоглу.

Иако во Москва тврдат дека не се мешаат во конфликтот во Либија, во Анкара сметаат дека Русите го помагаат генералот Калифа Хафтар кој војува против едниците на владата на националното единство во риполи. Од друга страна, Турција не крие дека ја поддржува владата за национален спас во Триполи.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ги обвини Русија и САД дека не се држат до обврските да ги натераат Курдите да се повлечат од граничните делови на Сирија. Освен тоа, Ердоган тврди дека Курдите им продаваат нафта на властите во Дамаск. На обвинувањата на Ердоган Москва сѐ уште не реагира, но се наметнува прашањето колку реално Русите и Американците можат да влијаат врз Курдите кои, по кој знае кој пат, се чувствуваат измамени.

Верувањето дека гасоводот Турски тек ќе ги зајакне односите меѓу Русија и Турција се покажаа наивни и премногу оптимистични. Токму тој гас би можел да ги разниша, ионака кревките, односи на Москва и Анкара. Приватните турски компании кои го увезуваат „синото гориво“ од Русија на Газпром за 2019 година му должат околу две милијарди долари.

Турските компании земале само околу 15 отсто гас од количеството предвидено со договорот. Поради намалената побарувачка за руски гас, годинава турскиот долг би можел да биде значително поголем. Сега тие седум приватни компании ќе се обидат да го одоброволат Газпром да не се оди на суд, бидејќи правдата е на руска страна затоа што договорот е направен според принципот дека гасот мора да се земе и секако да се плати.

За да не ја комплицираат ситуацијата од Газпром избегнуваат коментари, но тешко дека е возможно на Турците да им простат толку многу пари. Купувачите дале гаранции од своите банки на 600 милиони долари. Според договорот, купувачот би требало да плати 70 отсто од гасот кој не го зел, но ќе може да го земе во следните пет години.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе