Саудиска Арабија сѐ уште не е спремна за договор со Израел, но се отвора за Евреите

Саудиска Арабија сѐ уште нема воспоставено директни врски со Израел туку одбра друг начин за нормализирање на односите со таа држава и отворањето за Евреите, вклучувајќи исфрлање на антисемитските содржини од училишните книги и повикување на верска толеранција во молитвите.

EPA-EFE

Саудиското кралство не го следи примерот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Бахреин кои воспоставија официјални односи со Израел и така го прекинаа „арапскиот консензус“ за нормализирање на односите со Израел само под услов претходно да се реши израелско-палестинскиот конфликт.

Моќната арапска сила и епицентарот на исламот, Саудиска Арабија сфаќа дека нејзиното јавно мислење, кое и понатаму е наклонето кон Палестинците, не е спремно за тој вид нормализација на односите, но одлучи да ја смени општата слика за Евреите кои беа сатанизирани во официјалните медуми и верските институции.

Училишните учебници не само Евреите туку и другите немуслимани ги оцрнуваа како „свињи“ и „мајмуни“, но престолонаследникот, принцот Мохамед бин Салман, реши тоа да го промени и почна кампањата против екстремизмот во образовните институции.

„Владата исто така забрани навредување на Евреите и христијаните во џамиите“, вели саудиската аналитичарка Наџах ал Отаиби, додавајќи дека таквата реторика била вообичаена во петочните молитви кои им се упатуваат на муслиманите низ целиот свет.

Во септември минатата година еден свештеник предизвика вистинска медиумска бура со потсетувањето на пријателските односи на пророкот Мухамед со Евреите.

Абдел Рахман ал Судаис, имамот на Големата џамија во Мека, во минатото предизвикуваше големи контроверзи со своите антисемитски ставови.

Мохамед ал Иса, Саудиецот на челото на Светската исламска лига, во Израел беше пофален за учеството на одбележувањето на 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор Аушвиц.

Саудиските власти исто така ја следат политиката на приближување кон Евреите и во февруари кралот Салман го прими ерусалимскиот рабин Давид Росен, за првпат во поновата историја на ултраконзервативното кралство. Дозволија и прикажување филм за холокаустот на филмскиот фестивал кој потоа мораше да биде откажан поради пандемијата на коронавирусот.

Телевизискиот канал Ем-би-си во јуни за време на рамазан емитуваше емисија во која се заговараа трговски врски со Израел и во која за Палестинците беше кажано дека се „вистинските непријатели“ бидејќи не престануваат да ги навредуваат Саудијците и покрај политичката и финансиската помош која ја добиваат од Ријад.

Но, кога станува збор за воспоставувањето официјални односи со Израел прашањето не е „како“ туку „кога“, смета Марк Шнејер, американски рабин близок до лидерите на државите во Заливот.

Минатата недела Араб њуз, главниот саудиски дневник на англиски, предизвика жестока расправа на социјалните мрежи откако на Твитер и Фејсбук на хебрејски ја честиташе еврејската нова година Рош хашана.

Весникот најави и написи за Евреите во Либан и еврејската заедница која живеела на просторот на денешна Саудиска Арабија.

Но, според анкетата на јавното мислење која во август ја спроведе Институтот за блискоисточна политика од Вашингтон, големо мнозинство Саудијци не сакаат договор со Израел.

„Само девет отсто од Саудијците поддржуваат трговски и спортски врски со Израел“, вели Дејвид Полок, експерт на институтот.

Џорџо Кафиеро, директор на институтот Галф стејт аналитикс, исто така истакнува дека воспоставувањето официјални односи на Израел со арапските неизбрани влади „не е исто како воспоставување мир со арапските народи“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе