Автогол

Санкциите против гасоводот Северен тек 2 го одалечуваат Вашингтон од дел од Европа

Можните американски санкции кои се насочени против гасоводот Северен тек 2 би можеле да ги ослабат врските на Вашингтон со Европа.

Проблемот за САД е во тоа што дел од европските земји сѐ уште го поддржуваат проектот, се наведува во еден од извештаите кои се подготвени за есенското издание на Парламентарното собрание на НАТО.

Авторот на извештајот наречен „Економските санкции како инструмент на надворешната политика“ е Норвежанецот Кристијан Тибринг Гједе. Во еден дел од извештајот тој се осврнува и на санкциите против Русија.

Авторот потсетува дека американските сенатори на крајот на август разгледуваа нацрт-закон со кој се предвидува воведување рестрикции за компаниите и лицата вклучени во изградбата на Северен тек 2.

Предлог законот реба да мине гласање во Сенатот и Претставничкиот дом на Конгресот пред претседателот да добие можност да го потпише како закон. Сепак, тој предизвика сериозна загриженост во Европа, која е поделена на земји кои го поддржуваат и земји кои не го поддржуваат гасоводот. Санкциите може да влијаат и врз други руски гасоводи, како што е Турски тек, се објаснува во извештајот.

Авторот истакнуав дека мерките кои САД веќе ги презедоа предизвикаа „одредена трансатлантска тензија“. Тие мерки ѝ овозможуваат на американската влада да применува санкции врз компании кои не се амеркански, а кои соработуваат со Русија во областа на производство на нафта или модернизација на нафтоводи или гасоводи.

„Очигледно е дека ни Европа ни Северна Америка не ги интересира фактот дека политиката на санкции против Русија би можела да ја наруши трансатлантската солидарност и токму поради тоа консултациите за таквите прашања се од исклучително значење“, смета Гједе.

Следната седница на Парламентарното собрание на НАТО ќе се одржи од 11 до 14 октомври во Лондон. Врз основа на нацрт-резолуцијата и извештајот кои ќе бидат разгледувани за време на заседанието, ќе бидат подготвени политички препораки кои ќе му се проследат на Северноатлантскиот совет.

Проектот Северен тек 2 вклучува изградба на два крака на гасоводот, со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно, од брегот на Русија, преку Балтичкото Море, до Германија. Планирани е гасоводот да мине низ територијалните води или низ ексклузивните економски зони на Русија, Финска, Пведска, Данска и Германија, а би требало да биде завршен до крајот на оваа година. Данска е единствената држава која сѐ уште не издала дозвола за неговата изградба.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе