Си-ен-ен

САД: Оружјето не ги убива луѓето, ги убива патријархатот

За сеприсутното насилство и масовните пукања во американското општество не е виновно само оружјето. Виновен е и начинот на кој општеството ги одгледува мажите, пишува за Си-ен-ен Ричард Едмонд Варгас, коосновачот на програмата за рехабилитација на затворениците во американскот државен затвор Соледад во Калифорнија.

„Сите во окружниот затвор во Лос Анџелес ја знаеја приказната за момчето кое среде бел ден уби друг затвореник поради тоа што овој го нарече кучка. Застрашува фактот што повеќето мажи кои ќе ја слушнат приказната велат дека го разбираат тоа.

Мажите во САД ги извршуваат 98 отсто од масовните убиства, 90 отсто од сите убиства и 80 отсто од сите насилни злосторства. Затоа со сигурност можеме да кажеме дека нешто не е во ред со начинот на кој американската култура ги социјализира мажите.

Патријархатот е општествен систем кој мажите ги дефинира како инхерентно насилни и доминантни и поради тоа ги наградува. Не е тајна дека живееме во патријархат, па зошто тогаш нѐ чуди кога маж ќе изврши масовно убиство?“

„Цртаните филмови, видеоигрите, филмовите, спортот и политичарите го издигнуваат машкото насилство. Кога тоа се извршува од „вистинските причини“ (како на пример во војската или полицијата), тоа го нарекуваме херојство.

Па како тогаш гневниот маж да не посака на неправдите да одговори со колеж? Од детството им се кажува дека имаат право на насилство и дека тоа ги прави вистински мажи.

Патријархатот нѐ учи дека мажите не бараат помош. Црните мажи особено ги учи да се однесуваат сурово, плитко и неодговорно. Од 19 години ги следев тие упатства и решив дека кражбата е прифатлив начин да се носам со фактот дека немам за кирија.

Девојка ми ми понуди помош, но сметав дека само слабите прифаќаат помош од жена. Така заработив 10 години во државен затвор.

Поради своето искуство со патријархатот и лошите одлуки до кои тој ме доведе, гледам како партијархатот може да ги натера мажите да извршат масовни убиства“.

„Вистина е дека САД имаат проблем со оружјето. Врската меѓу достапноста на оружјето во земјата и масовните пукања не може да се негира. Младите луѓе кои го преживеаја пукањето во училиштето на Флорида во февруари со својот активизам и движењето „Никогаш повторно“ (#neveragain) спасуваат животи.

Меѓутоа, мора да се соочиме и со другата состојка на масовните пукања, а тоа се мажите. Сѐ додека мажите кои не сакаат да се тепаат ги викаме „пички“, ги исмејуваме машките емоции и машкоста ја мериме со спремноста за насилство, во Америка ќе има проблем со масовното насилство.

Мажите во затворот во Лос Анџелес најдоа друг пат. Од патријархатот се избавуваат со искрени разговори и наоѓаат нови алатки за изразување кои не се гнев и насилство. Треба да ги видите лицата на мажите кога ќе сфатат дека зад нивниот гнев всушност се крие срам.

Гледав како лидери на банди стануваат миротворци. Делувањето против патријархатот во калифорниските затвор ме научи дека мажите имаат способност да чувствуваат, да споделат чувства и да регулираат цел спектар на човечки емоции.

Со тоа насилството, за кое им е кажано дека е природно, им станува туѓо и непознато. Утрешниот убиец може да го доживее тој трансформативен процес пред да го испука својот прв куршум.

Но, најпрво културата мора да му дозволи да ги изрази своите чувства. Тоа всушност од него би требало да го бараме“, заклучува Варгас за Си-ен-ен.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе