За набавката на противвоздушен ракетен систем

САД ја предупредуваат Србија: Треба да бидете свесни за ризикот на купување оружје од Кина

Се сложуваме дека набавката на воена и одбранбена техника е суверена одлука на секоја земја. Сепак, владите треба да бидат свесни за краткорочните и долгорочните ризици и цени кои го повлекува работењето со кинеските компании, се наведува во пишаната изјава на амбасадата на САД во Белград околу тоа што Србија од Кина купи нова генерација наведувани ракети со среден дострел земја-воздух и ракетен систем за противвоздушна одбрана ФК-3.

EPA-EFE

Амбасадата на САД во Белград истакна и дека секоја земја „би требало да може да има доверба дека набавката на опремата нема да ја загрози нејзината национална безбедност како ни нејзиниот економски суверенитет“, но дека таква доверба не може да има „ако продавачите на воената и одбранбената опрема се зависни од авторитарна власт како таа во Народна Република Кина“.

Од амбасадата на САД наведуваат и дека на Србија „ѝ советуваат да работи на целосно усогласување со Заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ“.

„Изборот на снабдувач би требало да ја одразува декларираната цел на Србија што повеќе да се интегрира со Европа. Има и други продавачи кои не зависат од авторитарни режими, а нудат опрема не само способна да ги задоволи одбранбените потреби на Србија, туку и споредлива според квалитетот и цената“, се заклучува во соопштението на амбасадата на САД во Белград.

Купувањето на ракетниот одбранбен систем ФК-3 е вклучено во годишниот извештај на државната компанија Југоимпорт СДПР, кој ѝ беше приложен минатата недела на Агенцијата за стопански регистри на Србија.

Во документот Југоимпорт наведува дека реализирал 163 договори за увоз од 31 земја во вредност од 620,3 милиони долари во 2019 година. Во тоа спаѓа и набавката на дронови од Кина и првата позната набавка на системот ФК-3 во Европа.

„Најголемиот дел од увозот се однесува на модернизацијата на авионите МиГ-29, набавката на системот дронови и системот за противвоздушна одбрана ФК-3“, се наведува во извештајот кој на 2 абгуст го пренесе порталот Балканска безбедносна мрежа.

Надворешнополитичкиот новинар и аналитичар Бошко Јакшиќ во разговор за Радио слободна Европа оценува дека секоја набавка на оружје е и политичка одлука. „И продавачот на оружјето сака со сопственото оружје да продаде и дел од своето политичко влијание и да обезбеди позиција во земјата на купувачот и обратно – земјата купувач покажува одреден вид наклонетост“, вели Јакшиќ и забележува дека Србија во последно време таа наклонетост „многу нападно ја покажува кон Истокот“.

Србија – држава кандидат за членство во Европската Унија, прогласи воена неутралност во 2006 година и се приклучи на програмата на НАТО Партнерство за мир, но, како што повеќе пати истакнаа функционери на Србија, не тежнее кон полноправо членство во западниот воен пакт.

Сепак, како што истакнува Јакшиќ, набавката на оружје каква што спроведува Србија денес „апсолутно не личи на политика на воена неутралност“.

Вооружувањето на војската на Србија во голема мера е со поранешна советска технологија, а во последните години Белград набави руски борбени авиони МиГ-29, ракети, хеликоптери, тенкови и оклопни транспортери.

„Србија тоа ќе го плаќа не само поради набавките на оружје, туку и околу кинеските инвестиции во Србија, кои Белград апсолутно го одалечуваат од ЕУ“, смета Јакшиќ.

И Европската Унија и САД воведоа одредени видови санкции на продажба на оружје на Кина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе