САД ја обвинија Русија дека бара изговор за војна

Дипломатите од Русија и од САД со денови на различни нивоа разговараа како да се реши украинскиот конфликт без војна. Сепак, нема договор на повидок. Сега од САД пристигнуваат остри обвинувања против Москва.

Фото: ЕПА

„Имаме информации дека Русија веќе распоредила група агенти со цел да вршат диверзантски операции во источна Украина“, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки. Според Псаки, овие агенти биле обучени за „градско војување“, како и за ракување со експлозиви со цел да вршат саботажни дејствија против руски официјални лица, за кои Москва тогаш би тврдела дека ги извршила Украина, тврди Псаки и додава дека тоа се информации од американските тајни служби. Тоа тогаш би било изговор за воена интервенција во Украина.

„Загрижени сме што руската влада подготвува инвазија на Украина што може да доведе до кршење на човековите права и воени злосторства доколку дипломатијата не ги постигне своите цели“, рече Псаки. Белата куќа не посочи колку е реална оваа процена на разузнавачките служби.

Покрај „операцијата со лажно знаме“, поставена е основата за кампања за дезинформации во која Украина ќе биде претставена како агресор што планира скорашен напад во источна Украина, додаде Псаки. Ова треба да ја оправда руската интервенција и да предизвика поделби во Украина.

Наводно, руските дипломати потоа ќе шират приказни за кршење на човековите права во Украина и за растечката милитантност на украинските лидери, нагласи Псаки, додавајќи: „Сето ова е ширење дезинформации“.

Андраш Рац, висок соработник во програмата на Германскиот совет за надворешни односи, безбедност и одбрана, за ДВ изјави дека верува оти можноста за операција под лажно знаме е реална. „Користењето операции под лажно знаме како изговор за оружен конфликт навистина не би било непознато за руските воени практики“, рече Рац.

Москва веднаш и со индигнација ги отфрли овие американски обвинувања. „Сите овие изјави досега се неосновани и со ништо не се потврдени“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за државната новинска агенција Тасс.

„Немаме повеќе трпение“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров повика на итен писмен одговор од НАТО на неговото барање за безбедносни гаранции од западната воена алијанса против Русија. Војниците на НАТО во близина на границите на Русија претставуваат безбедносен предизвик за неговата земја, кој мора веднаш да се реши, рече тој, додавајќи дека очекува одговор до следната недела. Во спротивно Русија сама ќе се погрижи за својата безбедност.

„Ние веќе немаме трпение“, рече Лавров, ставајќи до знаење дека разговорите за контрола на оружјето се од второстепена важност за неговата земја. „Мора да разберете дека клучот за сè е гаранцијата дека НАТО нема да се шири на исток“, рече тој. Барањата на Русија се пакет, а не мени на кое секој може да избира што сака, нагласи Лавров.

За кога се планира сè?

Во меѓувреме, во Соединетите Држави беа објавени навестувања дека руската војска преместува ракети со краток дострел, електроника, оклопни возила и тенкови од источните делови на земјата кон границата со Украина. Според истражувањето на Атлантски совет, аналитички институт од Вашингтон, движењето на војниците почнало многу пред преговорите САД-НАТО со Русија.

Политичарите како демократскиот пратеник Адам Шиф сметаат дека е можно Путин одамна да ја донел одлуката за нова инвазија на Украина, што Кремљ категорично го отфрла.

Рускиот претседател Владимир Путин побара гаранција дека НАТО нема да ја прими Украина или другите земји што претходно беа дел од Советскиот Сојуз во своето членство. Дополнително, бара НАТО да ја повлече воената опрема не само од Украина, туку и од Естонија, Летонија и Литванија, кои се членки на НАТО веќе 18 години. Западот веќе ги отфрли овие барања.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе