„Натпревар со втората светска економија“

САД дополнително го ограничуваат извозот на чипови во Кина

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, во рамки на поширокиот стратегиски натпревар со Кина, подготвува нови контроли на извозот на полупроводници и машини за нивно производство во желбата да ги заузда напорите на Пекинг да ги искористи напредните технологии за да оствари глобална воена и економска предност.

EPA-EFE

Во рамки на обидите на Вашингтон да ги задуши амбициите на Пекинг во секторот за развој на напредната технологија на полупроводници, американското министерство за трговија деновиве планира да воведе пакет нови правила кои ќе регулираат кои технологии на чипови може да се извезуваат во Кина, пишува Блумберг.

Се очекува новите мерки да вклучуваат формализирање на извозните ограничувања на технологијата со која се произведуваат напредни полупроводници, како и забрана за продажба на алатки за производство на логички и мемориски чипови во Кина и ограничување пристап до чиповите кои се користат за суперкомпјутери и вештачка интелигенција (АИ).

САД, објаснува Блумберг, сè повеќе се фокусирани на ограничување на пристапот до американската висококвалитетна технологија на полупроводници како и јакнење на сопствените домашни производни капацитети, во рамки на поширокиот стратегиски натпревар со втората по големина светска економија.

Правилата кои ќе бидат објавени оваа недела ќе вклучуваат контрола на извозот на технологијата за производство на чипови кои се означени како 14-нанометарски или понапредни. Исто така ќе се прошири таканареченото правило за странски директни производи на повеќе кинески организации.

Правилото за директен странски производ е особено остра трговска мерка бидејќи наметнува ограничувања не само на произведувачите на чипови во САД, туку и на која било компанија или фабрика во светот која зависи од американска опрема или софтвер за производство на чипови, пишува Вашингтон пост.

Со тоа компаниите каде било во светот ќе бидат спречени да продаваат одредени напредни чипови на кинески купувачи без дозвола од владата на САД ако компаниите користат американска технологија за производство на чипови, истакнува весникот со појаснување дека на планетата речиси не постои полупроводник кој не е направен со американски алатки или дизајниран со софтвер кој е создаден во САД.

Новите правила на администрацијата на Бајден, истакнува Вашингтон пост, претставуваат еден од најзначајните напори на американската влада да ги заузда напорите на Пекинг да ја искористи технологијата за постигнување глобална предност во воена и економска смисла.

Аналитичарите велат дека новите правила ќе влијаат на многу кинески компании кои користат врвни АИ чипови направени со американски алатки или дизајн, вклучувајќи ги водечките кинески произведувачи на електроника и интернет платформи.

Новите правила на американската влада се последните во низата потези со цел да се задушат амбициите на Пекинг да направи оружје од следната генерација или автоматизирани системи за надзор од големи размери, укажува Њујорк тајмс.

Вашингтон планира да ја ограничи продажбата на микрочипови произведени во САД за најмоќните кинески дигитални проекти, што би можело да ја ограничи способноста на големите академски институции и интернет компании како Алибаба или Тенсент да ги набават деловите потребни за изградба на водечките центри на бази на податоци и суперкомпјутери.

Кина, истакнува Њујорк тајмс, користи суперкомпјутери за системите за надзор. Други суперкомпјутери Пекинг користи за моделирање нуклеарни експлозии и дизајнирање на оружје од следната генерација кое би можело да ја пробие американската одбрана.

Додека американската влада ги подготвува новите ограничувања на извозот на полупроводници на Кина, се обидува и да ги вовлече клучните сојузници за САД да не бидат единствената земја која поставува ограничувања, пишува Волстрит џурнал повикувајќи се на неименувани извори.

Заеднички контроли на извозот на САД, Јапонија, Јужна Кореја и европските земји би можеле значително да ја ограничат кинеската индустрија на чипови бидејќи тие земји имаат монопол над производството и продажбата на клучната опрема и софтверот потребни за изработка на најнапредните чипови.

САД веќе почнаа дипломатски напори да го ограничат кинескиот пристап до машините повикувајќи ја холандската влада да ги блокира плановите на компанијата АСМЛ холдинг НВ да ѝ продаде критична опрема на Кина.

Индустријата на полупроводници е родена во САД, но во последните години се пресели надвор од земјата, главно во Тајван, Јужна Кореја и Кина, што многу американски функционери и пратеници го гледаат како загрижувачка ранливост по националната безбедност.

Напредните чипови, оценува Волстрит џурнал, сè повеќе се столб на геополитичката моќ кој ги потпира и воените системи и можностите за обработка на податоци неопходни за придвижување на модерната економија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе