Москва во офанзива во Азија

Руското оружје се плаќа и со палмино масло

Иако Вашингтон се заканува со санкции, азиските држави се заинтересирани за купување на руско оружје.

EPA-EFE

Русија своите сили ги насочи на продажба на вооружување на југоисточна Азија, за да ги зајакне економијата и дипломатските односи, иако веќе некое време е под санкции на Западот, пишува јапонски Никеи ејжан ривју.

Амбасадорката на Русија во Џакарта, Људмила Воробјова, изрази голема надеж дека Индонезија ќе купи руски ловци Су-35. Владата на Индонезија во 2018 година потпиша договор за купува 11 авиони во вредност од 1,1 милијарда долари, без оглед што Америка се закани со поголеми санкции против Џакарта ако се реализира купувањето.

„Санкциите не можат да влијаат врз купувањето квалитетно руско вооружување“, изјаив Воробјова.

Индонезија размислува за купување Су-35С како свои нови ловци. На тој начин би ги следела и Москва и Вашингтон со современа воена авиијација.

Својата соработка со Русија во вооружувањето ја потврди и Виетнам на 3 јули покрај тоа, Русија во јануари му испорача тенкови на Лаос.

Според податоците на Стокхолмскиот меѓународен институт СИПРИ, Русија продала 28 отсто од своето вооружување кое го планирала за земјите од Азија во периодот 2010-2019 година.

Продажбата на Америка од 23 паднала на 18 отсто. Поуспешна била Кина, која во последните 20 години го удвоила својот извоз на оружје, но Пекинг сѐ уште заостанува зад Москва за 8 отсто. Според анализата на Никеи, руското оружје е поевтино и од американското и од европското.

Индонезија и Тајланд поради кризата на коронавирусот г намалиле трошоците за купување оружје, додека Кина ги зголемува воените активности во Јужното Кинеско Море, така што оружјето од Русија е привлечно.

„Русија има флексибилен став околу начинот на плаќање, што за неа претставува предност“, вели директорот на секторот за политички истражувања на јапонскиот Национален инситут за одбрана Шинџи Хиодо.

Индонезија планира половина од износот за купување на Су-35 да го плати со извоз на палмино масло, гуми и други производи.

Москва планира да ја крене економската моќ со извоз на оружје и воена техника во југоисточна Азија. На тој начин ја развува соработката со повеќе страни во надеж дека односите на Америка и Кина наското дополнително ќе се влошат.

Русија неодамна соопшти и дека е завршена првата испорака на оружје на Турција, а станува збор за противвоздушниот ракетен систем С-400 „триумф“. Вредноста на договорот е 2,5 милијарди долари, а директорот на Ростех Сергеј Чемезов истакна дека „тоа е првиот голем договор кој Москва го склучила со држава-членка на НАТО“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе