Руското чудо од оружје – реалност или научна фантастика? (ВИДЕО)

Експлозијата на рускиот воен полигон за време на која беше испуштена радијација можеби е предизвикана од неуспешно лансирање на она што го нарекуваат „чудо од оружје“, односно најавената руска несопирлива крстосувачка ракета, пишува Дојче веле.

Рускиот претседател Владимир Путин своето ново чудо од оружје за првпат го спомна на 1 март 2018 во обраќањето до нацијата. Во таа прилика тој покажа видеоанимација на која се гледа крстосувачка ракета како најпрвин одминува систем за противвоздушна одбрана на Атлантскиот Океан, потоа лета околу ртот Хорн, најјужната точка на Јужна Америка, за на крајот да уништи цел на Хаваите. Станува збор за ракета чија траекторија може да се менува во текот на летот.

Државниот медиум Раша тудеј (РТ) на Јутјуб во рамки на сосема новиот арсенал на руската војска најавеното ново оружје го претстави под називот „9М730 буревестник“.

Прашањето е: дали сликите кои Путин и РТ ги претставија во стил на компјутерска игра се научна фантастика или оружјето навистина постои?

На воениот полигон во Северодвинск кај Архангелск на 8 август се случи голема експлозија. Според руската државна агенција за атомска енергија Росатом, за време на тестирање на ракетен мотор со течно гориво во експлозијата загинале пет експерти, а уште тројца вработени на агенциите се повредени.

Соопштението на Росатом отвора прашања, бидејќи меѓу другото содржи и „изотопи“. Повеќето изотопи се радиоактивни, што е невообичаено гориво за ракета со течно гориво.

Повикувајќи се на руското Министерство за вонредни ситуации, организацијата за заштита на животната средина Гринпис Русија јави дека, по експлозијата, нивото на радијација во Северодвинск пораснало за дваесет пати. Тоа исто така укажува на испуштање радиоактивни супстанции.

Бидејќи ракетите со течно гориво сами по себе не емитуваат радијација, разумно е да се претпостави дека тестираната ракета можела да има комбинација од конвенционален и нуклеарен погон.

Иако Путин тврдеше дека новата крстосувачка ракета веќе била успешно тестирана во 2017, за тоа нема докази. Американската телевизија Си-ен-би-си на крајот на март 2019, повикувајќи се на информирани разузнавачки кругови, извести дека крстосувачката ракета била тестирана пет пати од февруари 2018 година и дека секој пат паднала. НАТО ја нарекува „скајфол“.

Но, ако тоа оружје навистина постои, тогаш тоа е првата интерконтинентална крстосувачка ракета во светот.

Тоа би значело дека стратегиски е подобра од интерконтиненталните балистички ракети (ИЦБМ) чија траекторија по лансирањето не може да се менува и кои се теоретски ранливи како мета на ракетните одбранбени системи.

Практично, меѓутоа, ИЦБМ ракетите од осумдесеттите се несопирливи, бидејќи нивната брзина е преголема.

Американските и руските нуклеарни ракети се опремени со повеќе боеви глави, па нивната огнена моќ веќе бројно ја надминува секоја противвоздушна одбрана.

Нуклеарниот ракетен мотор не користи енергија на согорување за придвижување на млазот, туку топлина создадена од нуклеарна фисија.

Набрзо по завршувањето на Втората светска војна, научниците во САД и Советскиот Сојуз почнаа да работат на такви нуклеарни погони за авионите и лансирните рампи – но неуспешно. Соодветните летала, кои ги направија двете светски сили, иако летаа, никогаш не користеа нуклеарен погон, туку само конвенционален, со млазни мотори. Ни едните ни други не успеаја да ги заштитат екипажите на авионите од радијацијата на нуклеарниот погон.

Радиоактивноста е веројатно една од главните опасности на ракетата со нуклеарен погон, иако нема екипаж. Но, имајќи предвид дека доаѓа до атомска, верижна реакција која произведува доволно топлина за да ја забрза ракетата до повеќекратна надзвучна брзина, падот на таквата ракета локално би можел да има разорни последици.

Можно е во случај на нуклеарен конфликт, војската и инженерите свесно да ја прифатат штетата од таквото нуклеарно оружје, дури и на пријателска територија. Од друга страна, инцидентот во Архангелск го покажува ризикот што таквата техника го претставува. Дури и во мир.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе