„Разговори за важното“

Руските ученици се вратија во училници променети од војната (ФОТО)

Седејќи пред група деца на нивниот прв ден на училиште во рускиот регион Калининград во четвртокот, рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на инвазијата на Москва во соседна Украина.

Фото: ЕПА

„Почна да се создава антируска енклава на територијата на денешна Украина, која е закана за нашата земја“, рече Путин.

„Нашите момци што се борат таму ги штитат и жителите на Донбас и самата Русија“.

Обраќањето на Путин беше дел од првиот „разговор за важното“ што се одржа во руските училишта откако концептот - дизајниран да го поттикнува патриотизмот - беше објавен од Министерството за образование во почетокот на оваа година.

„Разговорите за важното“ ќе вклучуваат дискусии за она што Москва го нарекува „специјална воена операција“ во Украина, како и за доблеста да се „умре за татковината“, рече министерот за образование Сергеј Кравцов на конференција во април.

Фото: ЕПА

Но родителите и наставниците што зборувале за Москва тајмс изразиле загриженост за „пропагандистичката“ иновација, при што еден адвокат дури ја довел во прашање нејзината законитост.

„Погрешно е да се зборува со деца за специјалната операција во Украина. Според мене, децата не се публиката со која треба да се разговара за политика“, вели Александра, наставничка во петто одделение во училиште во Москва.

Неделните „разговори за важното“ се една од неколкуте промени што се случуваат во руските училишта среде војната во Украина и тековните обиди на Кремљ да собере поддршка за инвазијата.

Другите измени се задолжително кревање на руското знаме и пеење на националната химна секој понеделник.

Но часовите со „разговори за важното“ се чини дека предизвикаа најголемо незадоволство кај наставниците и родителите.

„Наставникот рече дека родителите можат да одат... Јас ќе им одам, барем на првиот, затоа што сум загрижен“, изјави еден родител од Москва за Москва тајмс.

Фото: ЕПА

„Ни беше кажано дека ако на родителот не му се допаѓа (содржината), тогаш може да напишете апликација до директорот за детето да не мора да оди“, додаде родителот.

Материјалите објавени на интернет од Министерството за образование сугерираат дека „разговорите за важното“ се дизајнирани да ги запознаат децата со светогледот на Кремљ.

На руските ученици од трето одделение ќе им се каже дека „среќата на татковината е поскапоцена од животот“ и дека „не е страшно да се умре за татковината“ заедно со учењето за националните херои како советскиот космонаут Јуриј Гагарин.

Многу од овие теми биле опфатени во говорот на провладиниот ТВ-презентер Владимир Соловјов во училницата во четвртокот.

„Ние сме најголемата земја. Не затоа што живееме подобро од кој било. Не затоа што имаме најдолг животен век“, рече Соловјов, кој стана едно од лицата на руската воена пропаганда. „Русинот секогаш е подготвен да умре за повисока цел.“

Фото: ЕПА

Освен тоа, материјалите на Министерството за образование сугерираат дека постарите возрасни групи, почнувајќи од петто одделение, директно ќе учат за „специјалната воена операција“.

Ова ќе вклучи дискусија за „хероите“ на специјалната воена операција - како капетанот Александар Романов, кој наводно ги намамил украинските националисти на минско поле - и за тоа како „воената помош од колективниот Запад го зголемува бројот на жртвите“.

Наставниците што зборувале за Москва тајмс рекле дека се чувствуваат како во стапица помеѓу исполнувањето на наредбите и одењето спротивно на своите инстинкти.

„Не смеам отворено да кажам дека сум против овие лекции“, рекол еден наставник од Митишчи, мал град во близина на Москва, кој побарал анонимност за да зборува слободно.

„Нема да бидам поддржан во моето училиште“.

Московската наставничка Александра тврдела дека, и покрај тоа што таа и многу колеги се „скептични“ за промените, „малку луѓе се подготвени да одат против системот“ и ризикуваат „да ја загубат омилената работа или можноста да заработат пари“.

Од февруари, голем број наставници низ Русија се соочија со реперкусии поради нивните антивоени ставови.

Наставникот по географија Камран Манафли (28) во март беше отпуштен од својата работа бидејќи изјави дека е против војната, а потоа избега од земјата. И наставничката од Пенза, Ирина Ген (45), минатиот месец доби условна казна од пет години за „ширење лажни информации“.

Според законите за цензура за време на војна усвоени во март, оние што ја критикуваат руската инвазија на Украина може да бидат затворени до 15 години.

Рускиот Сојуз на наставници, опозициски синдикат поврзан со затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, во отвореното писмо објавено во средата ги охрабри родителите и наставниците да ги бојкотираат „разговорите за важното“.

Фото: ЕПА

„Вистинскиот патриотизам не се всадува во атмосфера на омраза, страв и обврска“, се вели во писмото. „Постои огромна разлика помеѓу патриотизмот и агресивниот милитаризам, научете ги (децата) да ја видат оваа разлика.“

Легалноста на промените што се прават во образовниот систем беше доведена во прашање и од адвокатите, кои се повикуваат на рускиот устав.

„Ова е агитација и вбризгување на државната идеологија, како во советско време“, рекол адвокатот Михаил Бењаш за Москва тајмс.

„Тоа е перење мозок не само за децата, туку и за наставниците“.

И покрај ризиците, некои наставници за Москва тајмс рекле дека веројатно тивко ќе ја променат содржината на часовите за „разговорите за важното“.

„Дефинитивно ќе ги преработам овие лекции, ќе ги направам поинтересни и ќе ја отстранам сета пропаганда“, вели наставникот од Митишчи.

Московската наставничка Александра вели дека политиката не е тема во училницата.

„Знам дека има такви што ја поддржуваат специјалната операција и има такви што не се согласуваат со одлуките на владата“, рече таа.

„Секој од нас има со кого да разговара за ова, но ние на училиште работиме со деца“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе