Руските медиуми: Два скандали во Србија фрлаат сенка врз посетата на Вучиќ на Русија

До средбата на претседателите на Србија и Русија Александар Вучиќ и Владимир Путин доаѓа по двата скандала кои фрлаат сенка врз таа посета, пишуваат руските медиуми.

Комерсант наведува дека по двата големи скандали, кои влијаат врз односите – шпионскиот и скандалот со српските мини во Украина, самитот треба да даде одговор на главното прашање: дали Србија е спремна да биде кличниот сојузник на Москва во регионот или ќе продолжи да балансира меѓу Русија и Западот.

Весникот, повикувајќи се на неименувани извори во Белград блиски до власта, наведува дека Србија и понатаму ќе се обидува да го зачува балансот во односите со Русија и Западот, избегнувајќи очигледно наклонување на една страна.

РИА Новости наведува дека серијата скандали во Србија, каде повторно „е вклучена Москва, е единственото што фрла сенка врз средбата на Вучиќ и Путин“, додавајќи дека двете земји се на тест.

„Низата настани оваа есен ги претстави односите на стратегиските партнери во ново светло“, додава руската агенција, истакнувајќи дека експертите сметаат дека скандалите нема да влијаат врз односите на двете земји.

Средбата на Путин и Вучиќ во Сочи, според руските експерти, би можела да одигра голема улога во развојот на односите на Москва и Белград, пишува Раша тудеј и додава дека двајцата претседатели ќе разговараат за итните прашања на билатералната соработка, како и за меѓународните прашања, а покрај тоа и за економијата, особено за соработката во енергетскиот сектор.

Претседателот на Србија, пред да отпатува во Русија, најави дека е сосема возможно тој и Путин на средбата да предложат „сопствени теми“.

Според експертите, Русија и Србија би можеле да ја зголемат билатералната трговија. Според професорката на политички науки од МГИМО Елена Пономарева, за двете земји е „многу важно да се надмине границата од четири милијарди евра“. Зад официјалното соопштение за дискусија за „регионалните и меѓународните прашања“, според Пономарева, постои желба на рускиот и српскиот лидер да разменат мислења за најважните теми за двете земји.

„Ќе бидат разгледани ставовите околу украинската криза, ситуацијата во Сирија, однесувањето на Албанците на Балканот, а особено за територијалното прашњње Србија-Косово“, укажа таа.

Како што истакнува, Белград сега е под сериозен притисок на Западот, особено на НАТО, но истовремено како држава се труди да ја одржи воено-политичката неутралност.

„На Балканот имаме двајца сојузници. Тоа се Србија и Република Српска, која е дел од Босна и Херцеговина. А прашањето на понатамошното ширење на НАТО лежи токму на српскиот фактор“, смета Пономарева.

Таа истакнува у дека изјавите за „дестабилизирачката улога“ на Русија на Балканот, кои во последните години често ги изразуваат западните политичари и експертските центри, се предизвикани токму од желбата да се прекинат важните врски на Србија со Руската Федерација.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе