Авионската несреќа на Аерофлот

Рускиот авион бил „погоден од гром“, сите преживеани евакуирани за 55 секунди (ВИДЕО)

Патниците и екипажот во авионот што мораше да изврши принудно слетување на московскиот аеродром, велат дека бил погоден од гром неколку моменти пред да се урне.

Преживеаните раскажуваа како избегале од авионот на „Аерофлот“, кој букна во пламен при слетувањето на аеродромот Шереметјево. Четириесет и еден од 78-те лица во авионот загинаа во несреќата.

Иследниците што ја испитуваат причината за несреќата немаат дадено официјален коментар за тврдењата дека бил погоден од гром. Модерните авиони се изградени да издржат удар на гром, а рускиот национален авиопревозник само рече дека авионот се вратил на аеродромот од „технички причини“.

Меѓутоа, патниците рекоа дека авионот, кој бил упатен кон северниот руски град Мурманск, бил погоден веднаш по полетувањето.

Неколкумина од петте члена на екипажот исто така изјавија дека поради молњи се загубила комуникацијата со контролата на летање.

На драматичното видео од аеродромските камери се виде дека авионот слетува многу нестабилно, отскокнува на пистата и букнува во пламен.

Меѓу загинатите се и две деца и стјуардеса. Вршителот на должноста гувернер на Мурманск, Андреј Чибис, на Фејсбук објави дека 26 од жртвите биле од неговиот регион.

Таканаречените црни кутии на авионот - кои ги снимаат податоците за летот и разговорите во пилотската кабина - наводно, биле пронајдени и предадени на истражителите.

 

Што рекоа патниците и сведоците?

Еден од патниците што ја преживеаја несреќата, Пјотр Јегоров, рекол дека „само што полета авионот, беше погоден од молња“, додавајќи: „Слетувањето беше бурно - речиси се онесвестив од страв“.

Друг преживеан, Михаил Савченко, рече дека успеал да избега скокајќи на излезните тобогани за вонредни ситуации на предниот дел на авионот на „Аерофлот“, додека задниот бил запален. Еден сведок изјави дека авионот „скокаше како скакулец“ додека со таа брзина ја погодил пистата.

Патникот Дмитриј Клебушкин им изјави на новинарите: „Жив сум само благодарение на стјуардесите. Девојките стоеја таму во чадот, беше темно, екстремно жешко, но тие ги извлекуваа луѓето и им помагаа да се спуштаат по тобоганите“.

Стјуардесата Татјана Касаткина рече дека луѓето станувале од своите седишта и се упатувале кон излезот додека авионот сѐ уште се движел, објави рускиот сајт Лента. Касаткина рече дека патниците врескале и им телефонирале на роднините додека авионот горел.

„Сè се случи навистина брзо, за неколку секунди... ги туркав патниците, ги грабав за јаките, за да не ја кочат евакуацијата“.

Патниците биле евакуирани во рок од 55 секунди од запирањето на авионот, соопшти авиокомпанијата.

Снимки со патници што бегаат од запалениот авион беа споделувани и на социјалните медиуми.

 

Што се случи со авионот?

Авионот, сухој суперџет-100, го напуштил аеродромот во 18:02 по локално време во неделата, упатен кон Мурманск. Неговата екипа испратила сигнал за опасност кога дошло до „дефекти“ во лошите временски услови кратко време по полетувањето. Авионот потоа се обидел да изврши две принудни слетувања. На првото приоѓање авионот се движел премногу брзо, а на второто автоматските системи потфрлиле, објави руската новинска агенција Интерфакс.

Авионот трипати удрил во асфалтот и го скршил задниот дел, а потоа остатоците влегле во моторот и го запалиле, објави Интерфакс.

Авионот слетал со резервоари полни со гориво, бидејќи екипажот изгубил контакт со контролорите на летање и одлучиле дека е премногу опасно да го исфрлат горивото над Москва, додаде агенцијата.

„Има 37 преживеани - 33 патници и четири члена на екипажот“, рече Јелена Марковскаја, официјален претставник вклучен во истрагата за несреќата.

Чибис, наводно, изјавил дека семејствата на убиените во пожарот ќе добијат по еден милион рубли (15.300 долари), додека на жртвите што се лекуваат во болница ќе им бидат дадени по 500.000 рубли (7.650 долари).

Руското Министерство за вонредни состојби соопшти дека нема намера да го приземји својот авион „суперџет-100“.

Рускиот претседател Владимир Путин е информиран и изразил сочувство до семејствата на жртвите.

Регионот Мурманск прогласи тридневна жалост.

 

Може ли молња да уништи авион?

Бидејќи секоја година се случуваат милиони комерцијални летови, ударите на гром во воздух се релативно чести, вели Би-би-си.

Традиционалните авиони, изградени со користење алуминиум, обично можат да издржат такви удари бидејќи школката или „кожата“ на авионот дејствува како кафез, ја пренесува електричната енергија без да предизвика штета и овозможува безбедно да продолжи патувањето.

Некои понови авиони се конструирани со користење полесни материјали што имаат помала електрична спроводливост, како што се јаглеродни влакна, кои мора да бидат заштитени - често со жичена мрежа или фолија.

Освен тоа, електрониката и врските со резервоарите за гориво во воздухопловите се силно заштитени за да се избегнат надворешни електрични празнења.

Ударот од молња може да предизвика технички дефекти, предизвикувајќи авионите да се пренасочат или да вршат вонредни слетувања од причини на претпазливост. Но несреќите по ваквите инциденти се ретки.

Сепак, ударот можат да го забележат луѓето во авионот. Патниците можат да ги слушнат гласните удари или да видат како кабината се осветлува со силен блесок.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе