Тензиите меѓу Киев и Москва растат

Руски маневри на границата со Украина: Инвазија не е исклучена

Тензиите меѓу Киев и Москва растат поради сè почестите прекини на примирјето на истокот на Украина поради сè почестите прекини на примирјето на истокот на Украина, но и извештаите за руските воени маневри на границата меѓу двете земји кои не исклучуваат можност за инвазија.

EPA-EFE

Одделни аналитичари оценуваат дека со овие активности Русија ја тестира посветеноста на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден на Украина, пишуваат агенциите.

Европската Унија и Британија ветија „непоколеблива“ поддршка на владата на Украина околу загриженоста за можна воена ескалација на истокот на земјата или можна нова офанзива против сојузниците во НАТО поради неодамнешното трупање руски трупи, истакнува Гардијан, додавајќи дека поддршка на Киев му изразија многу западни лидери вклучувајќи го американскиот претседател Бајден.

Украина ја обвини Русија дека распоредила илјадници војници на нејзините северни и источни граници како и на полуостровот Крим кој Москва го анектираше во 2014 година.

Онлајн набљудувачи ги идентификувале трупите кои се префрлаат на украинската граница од западна и централна Русија, вклучувајќи артилерија дури од далечниот Сибир.

На интернет кружеа слики од вагони со тенкови, ракетни артилериски лансери и возови кои превезуваат трупи во пограничниот регион.

Кабинетот на британскиот премиер Борис Џонсон на 5 април соопшти дека тој е значително вознемирен поради руските активности на Крим и на украинската граница, и во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски „ја потврдил својата непоколеблива поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“.

Претходно високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел кажа дека „со сериозна загриженост ја следи руската воена активност околу Украина“.

Руската влада негираше дека планира воен напад, укажува Гардијан, но не ги демантираше движењата на трупите.

Заменик министерот за надворешни работи на таа земја Сергеј Рјабков изјави во понеделникот дека Русија го прави „она што го смета за неопходно“ и дека „ќе ги игнорира сигналите на загриженост“ од Соединетите Американски Држави и другите западни земји.

Иако целите на Москва не се јасни би можеле да вклучуваат заплашување на Украина но, според мислењето на аналитичарите за Гардијан, и давање до знаење на администрацијата на Бајден дека Русија останува спремна да ја проектира својата моќ во странство.

Тој сигнал изгледа е примен, укажува британскиот весник истакнувајќи дека минатата недела американската команда во Европа го крена нивото на закана од можна криза на највисоко ниво на закана.

Русија го предупреди НАТО да не испраќа трупи да ѝ помогнат на Украина, среде извештаите за големо трупање руска војска на нејзините граници, истакнува Би-би-си додавајќи дека портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кажа дека во спротивно Русија ќе преземе „дополнителни мерки“.

Неодамна во изјава за Ројтерс функционер на НАТО изјави дека Русија ги поткопува напорите за намалување на тензиите во источна Украина и дека сојузниците ја делат загриженоста поради неодамнешните воени активности на Русија од големи размери во Украина и околината.

Зеленски се придружи на критиките кажувајќи дека „воените вежби и можните провокации долж границата се традиционална руска игра“.

Командантот на украинската војска генералот Руслан Комчак кажа дека Русија распоредила 28 тактички групи батаљони во близина на источната граница на Украина и на Крим, што се околу 20.000-25.000 војници.

Според генералот Комчак, Русија има и речиси 3.000 офицери и воени инструктори во бунтовничките единици во источна Украина.

Руските власти не го потврдија тоа, ниту дадоа какви било прецизни бројки.

„Руската Федерација ги поместува своите оружени сили во својата територија според сопствената стратегија“, кажа портпаролот на Кремљ истакнувајќи дека „тоа не треба никого да загрижува и не претставува закана за никого“.

Инвазијата не е исклучена?

Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за предизвикување ескалација на конфликтот, кој во изминатите седум години однесе околу 14.000 животи, пишува Фајненшал тајмс и додава дека Кремљ ги обвинува украинските сили дека ги продолжиле непријателствата како вовед во борба во полн обем.

Владимир Путин ја обвини Украина дека не ги исполнува своите обврски од договорот од Минск од 2015 година тврдејќи дека Киев го предизвикал неодамнешното разгорување.

Весникот укажува дека договорот, кој ги намали судирите, се најде под удар поради неспремноста на Русија да ја признае својата улога во војната и отпорот на Украина со уставот да ја признае автономијата на двата конфликтни региони.

Конфликтот нагло се интензивираше на крајот на март, по загинувањето на четворица украински војници на 23 март и по повеќечасовната битка северно од Доњецк.

Тоа, истакнува ФТ, е најголемиот број загинати владини војници во еден ден откако последното примирје стапи на сила во јули минатата година.

„Руската инвазија во Украина не може да биде целосно исклучена“, кажа за европскиот телевизиски канал Јуроњуз Питер Дикинсон, уредник на онлајн изданието Укрејн алерт на аналитичката група Атлантски совет.

„Во 2014 година никој не веруваше дека Украина може да биде нападната, или дека источна Украина може да биде нападната, но беа“, кажа Дикинсон истакнувајќи дека мировниот процес е комплетно блокиран.

„Русија и Украина воопшто не можат да најдат каков било заеднички јазик“, оцени Дикинсон и додаде дека, ако навистина се случи инвазија, „најлогичната закана би била на југот на Украина“.

Иако аналитичарите велат дека Русија не активирала доволно трупи за целосна инвазија на источна Украина, многумина сметаат дека со овие активности Москва сака да ја тестира длабочината на поддршката на американскиот претседател на Украина, укажува Волстрит џурнал.

„Москва сака да ја тестира посветеноста на администрацијата на Бајден на Украина, но е фрустрирана од сопствениот неуспех таму да ги оствари своите цели“, вели Џејмс Шер, висок соработник на Естонскиот институт за надворешна политика во Меѓународниот центар за одбрана и безбедност во Талин.

Воениот експерт на независниот московски Центар за анализа на стратегиите и технологиите Михаил Барабанов вели дека распоредувањето на трупите потсетува на потезите по руската анексија на Крим во 2014 година, кога Путин ротираше воени единици на границата со Украина.

„Во овој момент има неколку баталјони од тактичките групи од други воени окрузи, слично на она како беше извршено засилувањето на границата во 2014 и 2015 година“, кажа Барабанов.

Според Мејсон Кларк, аналитичарот за Русија при независниот Институт за проучување на војната во Вашингтон, Москва на почетокот на март почна кампања за дезинформирање, обвинувајќи ја Украина дека на пролет подготвува офанзива на териториите под контрола на бунтовниците.

„Медиумите под контрола на Путин и неговиот портпарол Песков го засилија наративот“, кажа тој.

Волстрит џурнал додава дека рускиот презентер на вести и еден од главните пропагандисти на Кремљ, Дмитриј Кисељов, ги обвини САД дека ја користат Украина како изговор за создавање нов конфликт со Русија, засилувајќи ја антиамериканската реторика на нивото за време на конфликтот во 2014.

„Западот се подготвува за ништо помалку од војна со нас“, кажа Кисељов во драматичниот вовед во вестите во неделата на руската државна телевизија.

Граничните тензии со Украина доаѓаат во момент кога, истакнува Вашингтон пост, Путин се соочува со најголемите домашни критики во последните години.

Покрај контроверзите со опозиционерот Алексеј Навални, Русите го обвинуваат Путин за корупција и спор одговор на пандемијата на коронавирусот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе