Русите гневни поради серијата за Чернобил, подготвуваат своја во која за несреќата е виновна ЦИА

Иако серијата на Ејч-би-о Чернобил, која ја драматизира нуклеарната катастрофа во истоимената советска централа која се случи во 1986, ги одушеви публиката и критичарите низ светот, во Русија не е толку популарна ни фалена.

Причината за тоа не е тешко да се сфати – иако Советскиот Сојуз се распадна пред 28 години, за системските советски злосторства и за катастрофите предизвикани од неспособноста и неодговорноста како таа во Чернобил сѐ уште не се зборува јавно.

Долгогодишниот руски претседател Владимир Путин сепак е поранешен агент на советската КГБ, а неговиот режим во голема мера продолжи со советската пракса на дезинформации, пропаганда, прикривање и бришење на границите меѓу вистината и лагата. Токму она што креаторите на серијата го истакнуваат како клучот со кој треба да ја читаме трагедијата наречена Чернобил. „Која е цената на лагата?“е прашањето кое ни го поставува промотивниот плакат на серијата и на кое во нејзините пет епизоди се дава многу силен и потресен одговор.

Но, ако ги прашате руските државни медиуми, токму серијата на Ејч-би-о е дел од Западната „русофобна“ пропаганда и демонизирањето на нивната земја.

„Фактот што американски, а не руски, телевизиски канал ни зборива за нашите сопствени јунаци е извор на срам со кој про-режимските медиуми не можат да живеат. Тоа е вистинската причина зошто ѝ замераат на серијата Чернобил на Ејч-би-о“, пишува Илија Шепелин за Москоу тајмс, еден од ретките независни руски весници на англиски јазик.

Аргументи и факти, весник популарен меѓу пензионерите, ја опиша серијата како „карикатура, а не вистина“. „Единственото што недостига се мечки и хармоники“, саркастично кажа водителот на каналот Русија 24, Станислав Натанзон.

Натанзон ги обвини авторите на серијата дека лажеле дека советските власти не сакале да ги признаат своите грешки и го истакна написот на Валериј Легасов во кој тој во 1987 го критикува управувањето со нуклеарната индустрија, а кој тогаш го објавија водечките руски весници.

Но не истакна дека, кога Легасов го напиша написот во 1987, уредниците на Комсомољскаја правда не сакале да го објават. Бил објавен дури две недели откако тој се убил.

Најчитаниот руски весник Комсомољскаја правда исто така изрази сомнеж дека конкурентите на руската државна нуклеарна компанија Росатом низ оваа серија се обидуваа да го оцрнат имиџот на земјата како нуклеарна сила.

„Колку и да звучи тоа чудно, акцијата на чистење по несреќата во Чернобил беше подеднакво важна за Европа како и победата на Сојузници во Втората светска војна... Но, Русија никогаш нема да ги слави настаните во Чернобил како празник – а ако лидерите не можат да го претворат во потфат на национална гордост и големина, тогаш е подобро да се заборави дека воопшто се случил. Сепак, ќе се обидат да стават сосема поинаков спин на овие настани“, заклучува Шепелин.

Новинарот на Москоу тајмс пишува и дека руската НТВ, како одговор на американската серија, решила да сними сопствена серија. Но, за разлика од американската, руската верзија на екранизацијата на катастрофата во Чернобил ќе се заснова на бизарната претпоставка дека сѐ е последица на саботажа која ја извршил агент на ЦИА.

НТВ е инаку позната по своето прорежимско известување. Сопственикот на оваа телевизија е Газпром медија, медиумското крило на гасниот гигант Газпром кој е мнозинска сопственост на државата. Серијата делумно ќе ја финансира и руското министерство за култура, и тоа со 30 милиони рубљи, односно 460 илјади долари.

Снимањето е веќе завршено минатата година во Белорусија и серијата во моментов е во постпродукција. Датумот на емитувањето сѐ уште не се знае.

Единствените детали кои се откриени за серијата се они кои ги спомнува Москоу тајмс – дека во серијата група советски офицери на КГБ се обидуваат да го откријат агентот на ЦИА кој се наоѓал во централа и шпионирал.

Режисерот на руската серија Алексеј Мурадов го оправда ова искривување на историската вистина со теории на заговор: „Според една теорија, Американците се инфилтрирале во централата Чернобил и многу историчари не негираат дека на денот на експлозијата агент на непријателски разузнавачки служби бил присутен во станицата“.

Значи, наместо посвета на јуначките „ликвидатори“ кои се жртвувале за да ја сопрат и санираат нуклеарната контаминација, руската верзија ќе биде детективски филм во кој офицери на КГБ се обидуваат да ги фатат американските шпиони како главните негативци во руската трагедија, заклучува новинарот на Москоу тајмс.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе