Русија објави тајни документи и фотографии за освојувањето на Будимпешта од нацистите во 1945

Советската офанзива во Унгарија и опсадата на нејзиниот главен град Будимпешта беше клучна пресвртница во поразот на нацистите. На 75-годишнината од операцијата, Русија објави досега доверливи архивирани документи и фотографии, давајќи нови сознанија за крвавата битка.

Унгарија ѝ беше сојузник на нацистичка Германија, ѝ даваше војници и ресурси, земаше од освоените територии и ги ограбуваше, а и соработуваше во воените злосторства. Но кога ситуацијата на борбените полиња се смени, односите се оладија, а владата во Будимпешта си ги проценуваше опциите и се подготвуваше да го напушти таборот на Оската.

Во март 1944 година Хитлер ги испрати германските трупи да го окупираат нивниот сојузник, извор на клучни резерви на нафта, а подоцна го замени унгарскиот диктатор Миклош Хорти со марионета. Тој краток период беше катастрофален за унгарските Евреи, кои суверенитетот на нивниот народ претходно донекаде ги штитеше од геноцидот што го спроведуваа нацистите.

Советските трупи и нивните романски сојузници преминаа во Унгарија кон крајот на септември. Ним им беа дадени строги наредби да дејствуваат како ослободителна сила и покрај можноста да бидат пречекани со непријателство. На Унгарците треба да им се овозможи да продолжат со својот живот, се вели во наредбата на советската висока команда, сè додека тие не дејствуваат директно против Црвената армија, нивните права на сопственост да бидат заштитени, а за нивниот труд и стоки да се плаќаат фер цени. Офанзивата е „воена неопходност предизвикана од постојаниот отпор на германските трупи“ и унгарските единици нивни сојузници.

Мапа што ги покажува позициите на трупите на 1 декември 1944 година

Град-тврдина

Три месеци подоцна трупите ја опсадија Будимпешта. Престолнината беше прогласена за „град-тврдина“ од нејзините нацистички господари, кои побараа да биде бранета до последниот војник. Предавањето не се сметаше за опција и кога од Советите дојде предлог да го положат оружјето, Германците уште еднаш покажаа дека воените норми не им значат многу.

Двајцата советски претставници што ја пренесоа пораката беа нападнати и убиени од германските трупи. Во новите декласифицирани документи има извештај од сослушување на унгарски генерал, кој вели дека за ѕверството на Германците дознал дури кон средината на јануари. „Веста ги згрози сите и никој не сакаше да верува во тоа“, им рекол заробеникот на Советите.

Уличните битки во Будимпешта биле брутални за обете страни. До моментот на капитулацијата на 13 февруари 1945 година, Германците и Унгарците претрпеле околу 190.000 жртви, се вели во извештај по опсадата. Силите предводени од Советскиот Сојуз загубиле 80.000 луѓе, додека 240.000 војници биле ранети.

Западниот дел од мостот Маргарет бил оштетен од артилериски оган, а подоцна бил срушен со повлекувањето на Германците

Самиот град бил многу оштетен. Сите мостови преку реката Дунав биле разнесени од силите што се бранеле, додека се повлекувале кон Будим, западниот дел на градот. Историските градби користени како снајперски позиции или утврдувања биле исшарани со дупки од куршуми. Улиците биле преполни со уништени тенкови и артилериски парчиња.

 

Последиците

Поразувањето на нацистите и на нивните унгарски приврзаници во Будимпешта било стратегиска воена победа за Советите. Точно два месеци подоцна, следувала Виена и наскоро црвено знаме се веело и на зградата на германскиот парламент во Берлин.

Во Унгарија советските команданти имале друг вид проблеми. Многумина од нивните војници премногу добро знаеле за злосторствата што унгарските војници ги извршиле пред само неколку години. Било потребно многу убедување (и закани со остри казни) за да се осигури дека цивилите се пролетери и жртви на нацистите, а не нивни соучесници, за да се одвратат оние што барале одмазда.

Зградата на државниот архив се користела како позиција за митралези Цртеж во весник од јуни 1945 година на кој се гледа советски конвој со храна и вознемирени трговци на црниот пазар

Советите сè уште биле странска вооружена сила во Будимпешта, а некои велат дека ветувањето на Москва дека доаѓа како ослободител, а не како освојувач, било лажно, што на крајот доведе до бунт во 1956 година. Но во 1945 година нивната победа значела дека нема да има повеќе борби. Војниците биле зафатени со деактивирање на мините што ги оставиле Германците, обезбедување пратки храна за изгладнетиот град и уривање на ѕидовите на Будимпештанското гето, во кое имало околу 70.000 преживеани. 

Раша тудеј

Објавено

Петок, Февруари 14, 2020 - 09:46

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе