Русија го тестира Трамп?

Оваа недела државниот секретар Рекс Тилерсон е во прва дипломатска посета на Русија, каде што најверојатно ја притиска Москва за справувањето со Сирија, кое го нарече „некомпетентно".

Влијанието на Русија во Сирија е само еден пример за разорната улога што рускиот претседател Владимир Путин ја игра во светот по инаугурацијата на Доналд Трамп.

Во јануари Русија ги поддржа сепаратистите во источна Украина во борбата против владата, најверојатно по налог на Путин, што го порасна насилството до највисока точка во оваа година и пол. Ова е директен прекршок на договорот од Минск – потпишан од Русија и Украина, изработен од Германија и Франција, а поддржан од страна на Соединетите Американски Држави – со цел да се спречи војната и да се воспостави мирот.

Во средината на февруари, Путин објави дека Русија ќе ги признае пасошите издадени од две сепаратистички влади во источна Украина. Подоцна истиот месец, во потег одобрен или во најмала мера поддржан од Путин, отцепената територија Луганск објави дека руската рубља ќе ѝ стане службена валута. Ова се два примера за постепено преземање делови од источна Украина од страна на Русија.

Повторно во јануари, Русија ги помести своите трупи поблиску до границата со Белорусија, со цел да им извршат притисок за да прифатат зголемено руско воено присуство на своја територија. Во март, Кремљ нареди вклучување на вооружените сили кон руската војска во јужна Осетија, една од двете отцепени територии во Грузија.

Во меѓувреме, минатиот месец, генералот Кертис Скапароти, најдобриот американски генерал во Европа, му кажа на Конгресот дека Русија се зближува со авганистанските талибанци, навестувајќи дека Кремљ ги снабдува со оружје. Поддршката со материјални средства значи зголемена вклученост на Русија со талибанците и ќе ги намали американските напори за стабилизирање на Авганистан. 9.000-те американски и 5.000-те НАТО-војници што се наоѓаат таму ќе ги изложи на зголемен ризик.

Пред две недели, командантот на американските сили во Африка, генералот Томас Валдхаузер, приметил дека руското влијание во Либија се продлабочува со нивните тамошни специјални сили во Египет до границата со Либија. Тој ја приметил големата руска поддршка на моќниот либиски командант Калифа Хафтар, кој се спротивставувал на владата на Триполи признаена од Обединетите нации.

Се разбира, минатата недела Русија негираше дека сирискиот претседател Башар ал-Асад користел гас сарин против своите луѓе. Како последно од руската широка и длабока дипломатска и воена поддршка за сирискиот диктатор, кој уби 200.000 од својот народ и расели половина од своето население, вели Њујорк тајмс.

Сите овие чекори имаат заедничка нишка. Путин, кој сака политичка контрола над соседните земји и да биде гледан како голема глобална сила, го тестира претседателот Трамп. Сака да види до каде може да оди, додека не рече „доста“. Путин сфаќа дека администрацијата на Трамп не може да ги повлече западните санкции врз Русија, како што Путин првично се надевал, но можеби смета дека Трамп поради засега необјаснетата наклонетост кон Путин, ќе му дозволи да напредува без отпор од Американците.

Што од горе наведеното направи администрацијата на Трамп? Имаше жесток одговор од страна на американскиот потпретседател Мајк Пенс и од министерот за одбрана Џејмс Матис, а особено од амбасадорката при Обединетите нации Ники Хејли. Додека од страна на Трамп немаше ниту осуда, а уште поважно, ниту акција.

Администрацијата на Трамп мора јасно да ја одреди политиката кон Русија. Јасно да пренесе што е неприфатливо, да го зајакне контранападот и на тој начин да ја засили својата преговарачка позиција. За ефективно и реалистички да можат да се истражат областите за можна соработка.

Тоа мора да започне со претседателот Трамп. Тој треба да одржи говор за американскиот интерес за трансатлантска безбедност, да зборува одлучно за правото на избор на демократија, пазарна економија и членство во НАТО или во Европската Унија.

Американската политика кон Русија мора да вклучува финансирање и обука на територијата на НАТО и обука и опрема за партнерите што не се членки на НАТО, а се изложени на ризик од Москва. Мора да расправа со Русија за контролата на нуклеарното, конвенционалното и сега сајбер-оружјето со цел да се намали можната опасност во одредени зони.

Претседателот мора да ја осуди континуираната поддршка на Русија на Асад и намерното руско бомбардирање на цивили во Сирија.

Секако, администрацијата мора да го критикува руското мешање во американските претседателски избори и јасно да нагласи дека таквото однесување повторно нема да се толерира.

Дали тоа на претседателот му се допаѓа или не, Путин на Соединетите држави гледа како на противник и се обидува да ја ослаби Америка низ целиот свет. Путин во голема мера успеа во тоа за само неколку недели. Претседателот Трамп треба да каже „доста е“. Таа порака може да ја пренесе за време на посетата на државниот секретар во Москва.

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе