Истрага

Ројтерс: Путин планирал да ја освои Украина за неколку дена, пратил шпиони долго пред војната

Долго пред Русија да ја нападне Украина, Кремљ изградил мрежа од тајни агенти за да ѝ го поплочи патот. Истрагата на Ројтерс покажува дека инфилтрацијата отишла многу подлабоко отколку што се мислеше.

Фото: ЕПА

Кога првите оклопни возила на руската освојувачка армија стигнаа до срцето на нуклеарната централа во Чернобил на 24 февруари, тие наидоа на украинските единици задолжени да ја заштитат злогласната локација.

Неполни два часа подоцна, без никаква борба, 169-те члена на Националната гарда на Украина го положија оружјето. Русија го зазеде Чернобил, складиште на тони нуклеарен материјал и клучен приод кон Киев.

Падот на Чернобил, местото на најголемата нуклеарна катастрофа во светот, се издвојува како аномалија во петмесечната војна: успешна блицкриг-операција во конфликт на сите други места обележан со брутално и бавно напредување на руските трупи и жесток отпор од Украинците.

Сега истрагата на Ројтерс открива дека рускиот успех во Чернобил не бил случаен, туку дел од долгогодишната операција на Кремљ за инфилтрирање тајни агенти во украинската држава.

Пет извори упатени во подготовките на Кремљ рекле за Ројтерс дека воените планери околу претседателот Владимир Путин верувале дека, помогната од овие агенти, на Русија ќе ѝ треба само мала воена сила и неколку дена за да ја принуди владата на украинскиот претседател Володимир Зеленски да замине, избега или да капитулира.

Новинарите спровеле интервјуа со десетици функционери во Русија и Украина и ги проучувале украинските судски документи и соопштенија поврзани со истрагата на однесувањето на луѓето што работеа во нуклеарната централа Чернобил. Овие податоци покажале дека инфилтрацијата била многу подлабока од што се мислеше.

Олексеј Данилов, генерален секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, вели дека Русија до почетокот на инвазијата имала агенти во украинската армија, безбедносните служби и полицијата.

„Покрај надворешниот непријател, ние за жал имаме и внатрешен непријател, а овој непријател не е ништо помалку опасен…“, вели Данилов.

Ројтерс, цитирајќи извор што наводно има директен пристап до плановите на Кремљ, вели дека руски агенти уште минатата година биле испратени во нуклеарната централа Чернобил за да ги поткупат украинските власти и да го поплочат патот за да ја преземат централата без борба. Ројтерс не можел независно да ги потврди овие тврдења.

Украинското Државно истражно биро спроведува истрага за тоа дали Националната гарда постапила незаконски со тоа што му го предала своето оружје на непријател, рекол локален функционер за Ројтерс. Државното биро за истраги немало коментар. Националната гарда ги бранела акциите на својата единица во централата, укажувајќи на ризиците од конфликт на нуклеарна локација.

Според судските документи и изјавите на сведоци, украинскиот шеф за безбедност во Чернобил, Валентин Витер, е во притвор и е под истрага поради напуштање на работното место. Според информациите од предистражните документи, Витер е осомничен и за предавство, иако неговиот адвокат вели дека ова обвинение е неосновано. Во изјавата за истражителите, Витер рекол дека на денот на инвазијата телефонски разговарал со командантот на единицата на Националната гарда. Витер го советувал командантот да не ја загрозува својата единица, велејќи му: „Поштеди ги своите луѓе“.

Извори запознаени со плановите на Кремљ за Ројтерс изјавиле дека Москва сметала на активирање на цела серија т.н. агенти-спијачи сместени во безбедносниот апарат на Украина. Тие, исто така, ги потврдиле и претходните извештаи дека Путин планирал да го назначи прорускиот хотелиер Олег Царјов да ја води проруската влада во Киев по соборувањето на Зеленски. А поранешен украински јавен обвинител во јуни открил за Ројтерс дека украинскиот политичар Виктор Медведчук, пријател на Путин, имал шифриран телефон издаден од Русија за да може да комуницира со Кремљ.

Царјов рекол дека написот на Ројтерс за тоа како се одвивала операцијата на Москва во целина „има многу малку врска со реалноста“. Тој не го коментирал својот однос со Кремљ. Адвокатот на Медведчук одбил да коментира. Медведчук е во украински затвор и го чека судењето за обвиненијата за предавство што датираат пред руската инвазија.

„И покрај тоа што Русија го презеде Чернобил, нејзиниот план да ја преземе власта во Киев не успеа. Според многу извори во Русија и Украина, во многу случаи ‘агентите-спијачи’ уфрлени од Москва не успеале да си ја завршат работата. Секретарот на Украинскиот совет за безбедност Данилов рече дека агентите и нивните врски ја сметале Украина за слаба, што е ‘целосна заблуда’“, вели истрагата.

Според четворица од изворите, луѓето на кои Кремљ сметал како на свои застапници во Украина го прецениле своето влијание во годините пред инвазијата. Во своето планирање, Кремљ своите планови ги засновал на „кловнови - тие не знаат многу, но секогаш го кажуваат она што раководството сака да го слушне бидејќи во спротивно нема да бидат платени“, рекол еден од четворицата, лице блиско до раководството на сепаратистите поддржани од Москва во источна Украина.

Путин сега се најде себеси во долготрајна, вистинска војна, борејќи се за секоја педа територија по огромна цена, вели Ројтерс.

Сепак, според Ројтерс, руските разузнавачи биле успешни во една област: посеале недоверба во Украина и ги откриле недостатоците на украинската служба за безбедност, или СБУ, која има околу 30.000 члена и сега има задача да ги најде предавниците и соработниците.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе