Ројтерс: ЕУ го мерка членството за Украина, може да биде адут во преговорите со Русија

Лидерите на Европската Унија можеби ќе дискутираат за можноста за членство на Украина на неформалниот самит во март, изјави во понеделникот висок функционер на ЕУ за Ројтерс, додавајќи дека ова прашање е важно за Украина во разговорите со Русија за ставање крај на конфликтот.

Фото: ЕПА

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот рече дека потпишал официјално барање Украина да му се приклучи на блокот.

„Мислам дека една од причините зошто ова е важно за претседателот Зеленски потенцијално е и во некои од разговорите со Русија за излез“, рече функционерот мислејќи на разговорите за ставање крај на конфликтот.

Но тој додаде дека процесот сѐ уште не е почнат.

„По барањето (на Украина за членство во ЕУ) мислам дека е важно да не се истрчаме“, рече функционерот, кој побарал да остане анонимен.

„Очигледно е дека сè уште не е примено, но целото ова прашање за ситуацијата во Украина е нешто што многу се врти во умовите на лидерите.“

Највисокиот дипломат на блокот, Жозеп Борел, рече дека непосреден приоритет е да се обезбеди практична поддршка на Украина за да ѝ се спротивстави на руската инвазија, наместо да се разговара за долгорочни прашања што би можеле да траат со години.

„Мораме да дадеме одговор за следните часови, а не за следните години“, им рече тој на новинарите во понеделникот на прашањето за членството на Украина во ЕУ.

„Украина има јасна европска перспектива, но сега треба да се бориме против агресија.“

Претседавачот на лидерите на ЕУ, Шарл Мишел, и шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, синоќа во Париз се сретнаа со францускиот претседател Емануел Макрон и со германскиот канцелар Олаф Шолц на разговори.

„Значи, сигурен сум дека ова ќе се појавува во тие дискусии. И, се разбира, на 10 и 11 март имаме неформален состанок на Европскиот совет и би замислил дека темата Украина, која ги окупира умовите на многу лидери, во одреден момент ќе се појави во тие дискусии“, рече функционерот.

Украина има договор за асоцијација со 27-члениот блок, но сака да стане полноправна членка - нешто на што Русија се противи. За членството на Украина досега не се разговараше за да не се нервира Москва, но руската инвазија на Украина ги смени работите, рече претставникот.

„Оваа невидена руска агресија што ја гледаме против Украина, нејзината силна осуда на ова од ЕУ, бесот во Европската Унија, земјите-членки, јавното мислење - мислам дека тоа веројатно исто така е фактор што ќе го одреди начинот на кој ќе одговориме (на апликацијата за членство)“, рече функционерот.

„Ако го погледнете потеклото на дел од овој ќор-сокак, имаше голем број луѓе што беа спремни да ги положат своите животи за европската перспектива, што беше во срцето на демонстрациите на Мајдан (во Киев во 2013-14 година)“, рече функционерот.

„Мислам дека во секој договор што претседателот Зеленски може да го постигне со претседателот Путин, барајќи гаранции или добивање гаранција ако сакате, дека постои поддршка, сфаќање дека Украина еден ден ќе ѝ припаѓа на Европската Унија, и тоа веројатно ќе биде многу важно за украинскиот народ“, рече тој.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша во понеделникот изрази „целосна поддршка“ за побрза процедура за членство во ЕУ за Украина, додека чешкиот премиер Петр Фиала рече дека е неопходно да се даде јасен сигнал дека Украина е добредојдена, пренесе новинската агенција ЦТК во понеделникот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе