Резултати од изборите

„Револуција на гласачките места“: Ирска на пат кон обединување?

Ирските гласачи се секогаш неблагодарни. Ирскиот премиер Лео Варадкар беше успешен шеф на владата. Паметно дејствуваше во односите со владата во Лондон, брегзитот, и ги придоби на своја страна земјите од ЕУ.

Истовремено спроведе социјална модернизација: во 2018 година повеќето Ирци гласаа за легализација на абортусот. Падна едно од последните табуа од минатото кое доминираше со католицизмот.

А хомосексуалниот премиер со татко со потекло од Пакистан изгледаше како олицетворение на модерна Ирска – отворен кон светот и со верба во стопанството.

Но, лео Варадкар направи одлучувачка грешка: успешно ги совлада надворешнополитичките предизвици, но предоцна сфати што гласачите навистина ги мачи.

А тоа се цените на живеењето и работата на социјалните служби, а пред сѐ состојбата во здравството.

Ирската економија цвета и заздрави по тешките години по банкарскиот крах во 2010. Но од тоа обичните Ирци главно немаат ништо.

Тоа се проблеми слични на оние во другите европски земји.

Делови од населението чувствуваат дека не учествуваат во економскиот успех, дека нема праведна распределба, дека само алчните глобалните елити профитираат од системот.

Многу вработени се незадоволни од својата ситуација. Во Даблин има работа, но не и станови по прифатливи цени. А годините на драматична политика на штедење направија големи дупки во социјалната мрежа.

Гневот на гласачите го почувствуваа двете традиционални партии во земјата, Фине гаел на Варадкар и опозициската Фијана фејл.

Гневот е насочен кон системот во кој тие две партии со децении си ја предваат власта една на друга, а меѓу нив повеќе не можат да се разликуваат ни идеолошки ни политички разлики.

А гласачите сакаат вистински алтернативи, сакаат со своите гласови нешто да придвижат.

Најмногу вџашува тоа што, по децении минати во политички прогон, Шин фејн успеа да го надмине своето минато.

За партијата која секогаш изгледаше поврзана со насилството на Ирска републиканска армија (ИРА), повторно може да се гласа.

За многу постари Ирци тоа и понатаму е таму, но младите гласачи кои бараат „поинаква политика“ го немаат тој проблем.

Шин фејн со речиси 25 отсто го зема првото место во неделата, па следат Фијана Фејл (22 отсто) и Фине гаел (21).

Шефицата на победничката партија Мери Лу Мекдоналд тоа го нарече револуција на гласачките места.

Таа успеа од Шин фејн да направи партија која важи за умерена лева политичка сила.

Со тоа за првпат во последните неколку децении беше разбиена надмоќта на двете големи партии.

Времето на простите мнозинства помина. Се создава повеќепартиски систем кој создава нужност од формирање комплицирани коалиции.

И по тоа Ирска е послична на другите европски земји.

Ако сега „големите“ паднаа на едвај нешто повеќе од 20 отсто, тогаш Ирска ќе ги доживее истите политички поделби како во Шпанија, Италија или Германија.

Така во Даблин формирањето влада ќе биде тешка работа.

Фине гаел и Фијана фејл не сакаат да соработуваат со Шин фејн. Дали последицата ќе биде вечна голема коалиција со слабо мнозинство?

Во тој случај казната на гласачите следниот пат би можела да биде уште поостра.

Неочекуваниот подем на ирската националистичка партија Шин фејн е знак дека Ирска тргнува кон обединување.

Откако Лондон во екот на брегзитот јасно покажа дека сѐ помалку го интересира иднината на своите северни региони, она што изгледаше невозможно сега може да се замисли.

Бидејќи, ако Северна Ирска и Република Ирска во иднина сакаат да живеат во заеднички економски простор според правилата на ЕУ, тогаш врската со Британија ќе почне да слабее, а аргументите за политичко единство ќе јакнат.

Тоа не би смеело да се одвива брзо, туку мора да биде спор политички процес.

Двете страни знаат дека сѐ уште не се залечени раноти од годините насилство.

Сѐ додека живее генерацијата чија младост ја обележаа бомбашките напади, политичките убиства и бруталните улични борби, тоа може да биде само многу постепено приближување.

И во Даблин никој не сака пребрзо да се зближи со слабиот Белфаст.

Но, брегзитот и резултатите од последните избори во Републиката ја изнесоа земјата на курсот на обединувањето.

Иронија на судбината е тоа што токму британскиот премиер го овозможи тоа со повлекувањето граница во Ирското Море бидејќи сакаше „тврд брегзит“.

Ирска, примерниот кадет на Европа, тргнува во многу жива иднина.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе