Речиси 50 отсто од Бугарите не се доживуваат себеси како државјани на ЕУ

Педесет и два отсто од граѓаните на Бугарија не се доживуваат себеси како жители на Европската Унија, покажуваат податоците на истражувањето на Евробарометар.

Причината за таквиот резултат би можеле да бидат песимизмот и економската ситуација во земјата, смета политичкиот аналитичар Петар Чолаков.

„Без оглед на тоа што приходите на населението се зголемуваат, Бугарите својата земја ја споредуваат со другите членки на ЕУ. Целосно гледано, и понатаму сме најсиромашната земја од Европската Унија“, вели експертот.

Според мислењето на Чолаков, за Бугарите да почнат да се чувствуваат како Европејци треба да се зголемат приходите до степен кој ќе им овозможи на луѓето да престанат да заминуваат од земјата за да заработат за живот.

Тој како пример наведува случај на бугарска девојка со високо образование која отпатувала во Германија да се грижи за стари луѓе.

„За Германија 1.000 евра е мала сума пари, но за Бугарија тоа е вистинско богатство. Сѐ додека трае таквата пракса, сѐ додека високообразованите луѓе заминуваат и прифаќаат каква било работа за да се прехранат, тешко дека Бугарите ќе бидат оптимисти“, вели аналитичарот.

Чолаков го искоментира и тоа што 45 отсто од Бугарите се против еврото, а 40 отсто од нив се за европската валута.

„Очигледно е дека голем дел од економските субјекти сметаат дека воведувањето на еврото води кон зголемување на цените“, вели тој.

Според податоците на Националниот институт за статистика, просечната заработка во Бугарија е околу 1.250 лева (околу 640 евра).

Според одлуката на бугарската влада, минималната заработка годинава беше зголемена за 50 лева и сега е 560 лева (односно околу 290 евра). Министерот за социјален развој Бисер Петков претходно кажа дека меѓу 600.000 и 800.000 вработени Бугари (околу 10 отсто од населението) се и понатаму сиромашни.

Бугарија има околу 7 милиони жители. Според податоците на министерството за надворешни работи на Бугарија, најголем број жители на таа земја кои живеат во странство престојуваат во Германија – 416.000 луѓе. Следат Турција со околу 350.000, САД и Грција со по околу 300.000 луѓе.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе