Раша тудеј: Успехот на популистичките партии се должи на тоа што ЕУ стана „проблем наместо решение“ за Европа

Националистичките партии постигнаа голем успех на изборите за Европскиот парламент, бидејќи проевропските партии се дистанцираа од обичните луѓе, оценува руската агенција Раша тудеј.

Според аналитичарите кои зборувале за РТ, „ЕУ сега е проблем, а не решение“.

Излезните анкети покажаа дека десничарските и евроскептични популистички партии остварија значителен напредок на изборите за европскиот парламент, кои завршија вчера.

Како резултат на тоа, проевропскиот блок ЕПП и Социјалдемократскиот сојуз сега го изгубија своето комбинирано мнозинство.

Поразот на тие партии во блокот „не е изненадувачки ако ја погледнеме големата слика“, изјави за РТ Ули Брукнер, професор по европски студии на универзитетот Стенфорд во Берлин.

Според него, изборните резултати претставуваат сериозен предизвик за Брисел кога станува збор за обединетата, интегрирана Европа. „Во минатото имавме консензус за општата нарација дека европските интеграции како такви се добри бидејќи носат мир, стабилност, просперитет. Евроскептичните партии го разбија овој консензус“, истакнува Брукнер, додавајќи дека политичките движења низ континентот блокот сега го гледаат „не како решение за Европа, туку како проблем“.

Полетот на евроскептични партии најинтензивно се почувствува во Франција, каде партијата Национален собир на Марин ле Пен освои повеќе гласови од партијата Република во движење на Емануел Макрон.

Денис Францескин, претставник Националниот собир во Вашингтон, изјави дека успехот на евроскептичните партии го покажува растечкото незадоволство во самиот блок.

„Самата структура на Европската Унија доживеа неуспех“, изјави Францескин за Раша тудеј.

Политичкото ривалство меѓу растечкото евроскептично движење и пробриселскиот блок може да се гледа како „здрав разум“ наспроти „глобализмот“, тврди Максимилијан Крах, политичар на Алтернатива за Германија (АфД).

Зборувајќи за успехот на неговата партија, Крах го обвини политичкиот естаблишмент на својата земја дека нема политички слух за потребите на обичните Германци.

„За разлика од нив, ние имаме своја база во руралните области, каде што живеат обичните луѓе“, оцени Крах.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе