Проценка на дострелите

Ракетите на Северна Кореја можат да стигнат и до Европа, Австралија, Канада... (ВИДЕО)

Северна Кореја со години го развива својот нуклеарен арсенал, но тензиите меѓу таа земја и САД никогаш не биле на нивото на кое се денес.

Пјонгјанг повторно тестира ракети, а најновите планови покажуваат дека оваа земја кон средината на август би можела да го гаѓа американскиот остров Гуам во Пацификот.

Од друга страна, американскиот претседател Доналд Трамп, во најновото „дивеење“ на Твитер, се закани дека военото решение е спремно доколку Северна Кореја дејствува неразумно.

„Военото решение е полно и репетирано, ако Северна Кореја дејствува неразумно. Да се надеваме дека Ким Јонг Ун ќе најде друг пат“, напиша Трамп на Твитер.

Британски Индипендент објави симулација во која се анализирани дострелите на ракетите кои Северна Кореја ги тестираше.

Ракетата „нодонг 2“, долга 16 метри, има дострел од 1.300 километри. Би можела да ја погоди Јужна Кореја, делови од Кина, но и мал дел од Јапонија.

„Таеподонг 1“, ракета долга 32 метри, би можела да погоди сѐ што е одалечено до 2.900 километри, па би можела да падне на кој било дел од Јапонија, но и на Камчатка.

„Таеподонг 2“, долга дури 35 метри, има дострел од 6.700 километри. Ракетата може да стигне до Аљаска, но и до некои делови од Европа, како северните делови на Норвешка и Шведска.

Со должина од 16 метри, ракетата „хвасонг-14“ е потенцијално најопасна. Со дострел од околу 9.500 километри, би можела да го погоди кој било дел од Азија, Европа, Канада. Во САД единствено Флорида не би морала да стравува. А безбедни би биле само голем дел од Африка, југот на Австралија како и цела Јужна Америка.

Сепак, ако се има предвид дека станува збор за потенцијален нуклеарен потенцијал, со кој лидерите на Северна Кореја и САД се закануваат, тешко дека некој во светот може да биде безбеден.

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

повеќе

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе