АЛЕКСАНДЕР ТЕМЕРКО

Путиновите напади во Сирија се долгорочна игра за повисоки цени на нафтата

Руските воздушни напади во Сирија се само вовед во она што следува. Сè позасилените напади главно се насочени кон умерените бунтовници, поддржани од Западот. Исто така, се гаѓаат и цивили, а руските авиони два пати го нарушија турскиот воздушен простор, вели за Гардијан Александер Темерко, британски нафтен бизнисмен со украинско потекло.

Овие директни престапи покажаа дека Путин, како и секогаш, оваа војна ќе ја води како што тој сака. Тој ќе повлече колку и да му треба од својата воена сила, ќе користи недискриминирачка сила и ќе ги малтретира и заплашува регионалните сојузници на Западот.

На кратко, ништо нема да го запре Путин во исполнувањето на неговите цели, а меѓународната заедница мора да сфати кои точно се тие цели. Играта на Путин е поголема отколку што повеќето нејзини коментатори во моментов можат да сфатат.

Да, ова има врска со меѓународната позиција на Русија, но уште поважно, тоа е долгорочна игра за повисоки цени на нафтата, и на крај, за протекот на нафтени долари во Русија, што ќе ја засили неговата популарност дома.

Меѓународниот аспект е релативно јасен. Путин мора да го поддржи својот сојузник и со помош на сила да го врати од студенилото на глобалната сцена. Сирија е дом на единствената поморска база на Русија на Блискиот Исток и одамна е купувач на руското оружје и добавувач на регионалните разузнавачки информации.

Сепак, уште поважно, тој не смее да си дозволи да стои на страна и да остави Асад да падне. Тој мора да им покаже на САД и на светот дека нема да се повлече од позицијата во која вложи сè во почетокот на конфликтот.

Со вовлекувањето во една таква комплицирана меѓународна ситуација, тој, исто така, го одвлекува вниманието од Украина и ткае нова приказна за себе. Путин сега е храбар мировник, кој ги води нападите против тероризмот пред колебливите САД и повторно добива место на врвот на табелата.

Без разлика дали сакаат или не, западните лидери сега мораат повторно да разговараат со него. Тој може да ги ризикува руските животи без да го губи политичкиот капитал дома, вели Темерко.

Русија, се разбира, ќе ја напаѓа и Исламска држава. Територијата што во моментов ја држи ИСИС содржи важни нафтени инсталации, кои Путин копнее да ги стави под своја контрола. Тогаш тој ќе може да глуми „кум“, издавајќи им на своите сојузници во регионот евтина нафта од бившите области на ИСИС.

Што нè враќа на неговата примарна цел. Колку повеќе успее тој да се утврди на Блискиот Исток, толку повеќе ќе може да врши контрола врз енергетските пазари. Со Иран и Ирак во неговата сфера, тој може да почне да ја принудува Европа повторно да се потпре на неговите резерви.

Долгата војна на Блискиот Исток совршено ќе им служи на интересите на Путин. Колку подлабок и пораспространет е конфликтот, толку повеќе светските цени на нафтата и гасот, најверојатно, ќе се зголемат, помагајќи му да инсценира економско заздравување дома и да ги прогласи санкциите за бескорисни.

Крајната цел на Путин e да ги подобри состојбите дома зашто сака да создаде систем што се напојува од патриотизмот на луѓето и од јавниот дух. Големиот план е да заздрават неговите витални приходи од нафтата и гасот, па тој да може да си ја купи лојалноста на 140-милионската руска популација, заклучува британскиот бизнисмен.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе