Што нѐ чека во 2017?

Путин ќе го провоцира Балтикот да види дали Трамп ќе реагира, Европа ја чекаат нови терористички напади

Годината што завршува ќе остане запаметена во светот по неколку големи настани. Светската, а особено европската, јавност во јуни беше шокирана од одлуката на Британците да ја напуштат ЕУ. Брегзитот со недели беше главна тема во светските медиуми, а настанот поприлично ќе влијае врз иднината на Европската Унија. Нормално, на рангот на брегзитот беше и неочекуваната победа на Доналд Трамп на изборите во САД, а низ целата година активно се следеше ситуацијата во Сирија и Ирак, пишува Бизнис инсајдер.

Новинарите на американскиот сајт составија листа на нешта кои сметаат дека ќе се случуваат во 2017, а кои ќе влијаат врз светската геополитика.

Настаните во Северна Кореја ќе бидат првиот голем тест за администрацијата на Трамп

Најизолираната земја во светот во неколку наврати годинава покажа заби. Тие дури светот во неколку наврати го исплашија со тестирање нуклеарни боеви глави. Прашање на време е кога Ким Јонг Ун ќе го направи следниот провокативен чекор и ќе ја шокира меѓународната јавност. Северна Кореја секако ќе биде едно од прашањата со кое следната година ќе се занимава администрацијата на Трамп.

Русија на Балтикот ќе направи неколку провокативни потези за да види како ќе реагира Трамп

Русија уште годинава беше обвинувана дека нивни хакери директно влијаеле врз резултатот од претседателските избори во САД. Следната година Путин би можел да повлече некои поконкретни потези против балтичките земји. Русија уште во октомви го помести нуклеарното оруѓје поблиску до Полска и Литванија, а НАТО одговори со испраќање војска во балтичките земји. Веројатно ед ека некој вид студена војна ќе продолжи и следната година. некои потези Русите ќе ги направат чисто за да видат како ќе реагира Трамп.

Копнените сили ќе влезат во Рака

ИСИС е во пад во текот на целата 2016, а тоа ќе продолжи и следната година. САД и Ирак конечно годинава ќе направат голем чекор во борбата против џихадистите. Иако борбите за Мосул бавно напредуваат, веќе на почетокот на следната година вториот по големина ирачки град би можел да биде ослободен.

По Мосул, ИСИС веројатно следната година ќе мора да ја брани Рака, престолнината на својот „калифат“. Рака е во Сирија, а силите на Асад досега речиси ја игнорираа ИСИС и во прв план ја ставија борбата со бунтовниците. Сега кога тие се во дефанзива, веројатно следни на ред ќе бидат џихадистите на Исламска држава.

Ќе се зголемат терористичките напади во Европа

Терористичките групи обично не исчезнуваат без испукан куршум, а тоа особено важи во случајот на ИСИС. Додека ги губат териториите во Сирија и Ирак, џихадистите би можеле да ја засилат својата пропаганда и да натераат поголем број симпатизери, особено „осамените волци“, да вршат брутални напади низ целиот свет, а особено во Европа.

САД ќе ја тестираат Кина

Неодамнешното кинеско запленување на подводниот американски дрон во водите на Јужното Кинеско Море бара соодветен одговор, пишува Бизнис инсајдер.

Тимот на Трамп покажа дека има разновидни „алатки“ за соочување со Кина. Етикетирањето на Кина како манопулатор на валутата, започнување трговска војна со Пекин, поддржување на Тајван, па дури и засилување на поморските патроли околу кинески воени „комплекси“ на вештачките острови во Јужното Кинеско Море.

Сведоци сме на уште едeн во типично балкански стил политички „реалити шоу“ со повлекувањето на целокупниот персонал (!) на амбасадата на Србија во Скопје, вклучувајки ја и нејзината екселенција амбасадор!?

повеќе

Собранието треба да се врати во претходната состојба.

повеќе

Нашата страна или многу наивно играла според некои свои знаења и без правила и принципи или ја свиткала кичмата.

повеќе