Дојче веле

Путин и Зеленски добиваат поени, Украина губи

Русија и Украина конечно ги разменија заробениците. Бернд Јохан, уредникот на Дојче веле на украински смета дека Киев во таа размена лошо помина, пред сѐ бидејќи го предаде клучниот сведок на соборувањето на авионот на лет МХ17.

Разбирливо е што владее голема еуфорија бидејќи конечно се случи размената на заробениците меѓу Москва и Киев. На своите семејства им се враќаат седумдесет луѓе кои главно беа неправедно заробени. Тоа се добрите вести кои ја бидат воздржаната надеж дека може нешто да се придвижи и кај конфликтот на истокот на Украина и околу анексијата на Крим.

Тој конфликт Москва и Киев го водат на сите нивоа – воено, политички, економски и со апсење на луѓе. Тие стануваат политички заложници кои може да се искористат во некаков дил. Мотото е „јас на тебе, ти на меен“. Кога даваме, кога добиваме, и каков ќар имаме од тоа? Со таа логика се случи оваа размена.

Но, според таа логика Украина не мина баш најдобро. Нормално, некои луѓе се на слобода, но Киев тоа скапо го плати. Тоа најјасно се покажува на примерот на Владимир Земах кого украинскиот суд изненадувачки го ослободи пред размената. Тој е важен сведок во процесот кој се води во Холандија за соборувањето на малезискиот авион над истокот на Украина. Некои експерти дури веруваат дека Земах самиот учествувал во соборувањето на леталото.

Скандалот е тоа што тој човек сега е во Русија. Тоа ги оптоварува односите на Украина со Холандија, а со тоа и со ЕУ. Залудно протестираа холандските посредници, залудно пратениците на Европскиот парламент му пишуваа на новиот претседател Владими Зеленски.

Шефот на државата сепак работи според девизата „Украина на прво место“ и со тоа работи во сопствена корист. За Зеленски размената на заробениците е голем успех кој му беше неопходен.

На неговата земја тоа може да ѝ создаде проблеми. Соборувањето на авионот на лет МХ17 пред пет години го означи почетокот на санкциите на ЕУ против Русија поради конфликтот на истокот на Украина каде Москва ги поддржува бунтовниците. Во Европа може да се постави прашањето зошто да се солидаризираат со Украина кога Украина не возвраќа? Тоа би бил дополнителен успех на Кремљ.

Понатаму е спорно прашањето на 24-те украински морнари кои Русите минатата есен ги уапсија пред бреговите на Крим. Меѓународниот суд на ОН за поморско право веќе побара тие без одложување да се ослободат – без какви било контрауслуги на Русија. Москва тоа само го игнорираше. Сега ги размени морнарите за свои луѓе и истовремено се ослободи од обвинувањата дека во тој случај држи невини луѓе.

Слично е и со режисерот Олег Сенцов кој во Русија без каков било доказ беше осуден на дваесет години во логор. Ни во тој случај Кремљ повеќе не мора да се правда зошто во затвор држи човек само поради тоа што протестирал против анексијата на Крим.

Критички тонови поради размената се слушаат и во Украина. Но пошироката јавност е уморна од конфликтот со Русија и добро ја прифаќа размената на заробениците. Зеленски освојува поени.

Неговиот руски колега Владимир Путин би можел да биде уште поголем победник: уште еднаш на своите земјаци им порача дека се грижи за судбината на Русите во Украина. Кремљ демек покажа спремност за компромис, а всушност повторно ладнокрвно го истурка својот интерес. Тоа треба да го имаат предвид сите кои сега се надеваат на брзо завршување на судирот околу истокот на Украина и Крим.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе