Путин и Меркел – старите, добри противници кои повторно ги спои Трамп

Ангела Меркел и Владимир Путин синоќа во близина на Берлин разговараа три часа. Беше тоа прва билатерална средба од 2014 година, од анексијата на Крим. Двајцата искусни политичари повторно го спои Доналд Трамп, смета Михаела Кифнер, колумнистка на Дојче веле.

Форматот на оваа средба уште на почетокот многу зборува: изјави за медиумите дадоа само пред средбата, прашања не беа дозволени.

За време на тие десет минути за јавноста, двете страни намерно ги избегнуваа клучните прашања, како стара двојка политичари. Не е ни чудо, по повеќе од една деценија политичка коегзистенција.

Кога Меркел зборува за „големата одговорност“ која Берлин и Москва ја имаат во централните конфликти како Сирија или Украина, таа пред сѐ мисли на стабилност за враќање на бегалците во Сирија.

Тоа го намалува притисокот во дискусијата околу емиграцијата која се води во Германија. Во својот обид преку руски гаранции за снабдувањето со гас да се стабилизира Украина, од Путин доби „корпа“.

Бидејќи рускиот претседател продолжува гасоводот Северен тек 2 да го претставува како „чисто економски проект“. Во ред, и на Меркел ѝ беше потребна една година за јавно да признае дека тој гасовод, кој се гради за да ја одмине Украина како транзитна земја, има политичка димензија.

Путин кажа дека можат да се најдат „други“ области на економска соработка. Па, не баш. ЕУ е во секој случај против, а САД веќе имаат санкции против тој гасовод во фиока.

Така доаѓаме до невидливата трета страна во овој политички однос. Бидејќи, откако Доналд Трамп стана политички фактор, односите со Москва одеднаш не изгледаат толку лошо. А беа навистина лоши.

Од анексијата на Крим од страна на Москва, токму Меркел секогаш беше таа што ги организираше заедничките европски санкции против Русија. Но, откако Трамп е на власт, двете страни сфатија дека тие лоши времиња, всушност биле старите добри денови на сигурни позиции. Јасните фронтови самите по себе станаа вредност.

Руското мешање во американските избори, можното учество на Москва во случајот Скрипаљ во Британија, сега тоа не е важно – Русија и Германија си требаат една на друга. Заедно треба да го спречат најлошото, како што е конечниот крај на нуклеарниот договор со Иран.

Во Берлин одамна се признава дека ситуацијата во Сирија може да се стабилизира само со помош на Москва. Можеби дури и со учество на владетелот Асад.

Путин веднаш даде до знаење дека тоа нема да биде евтино за Германија – тогаш кога зборуваше за важноста на учеството во хуманитарната помош за да се овозможи враќање на бегалците, но потоа конкретно за снабдувањето со вода и греењето, односно реконструкцијата на инфраструктурата.

Тие двајца добро се познаваат и во јавнос е доволно некои нешта само да се навестат. А потоа, зад затворени врати, долгогодишните партнери можат да се опуштат и да почнат да фрлаат дрва и камења.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе