Колумна на Гардијан

Путин е во право за пропаста на либералните вредности - но за тоа е крива и ЕУ

Десничарските демагогии низ целиот свет, вклучувајќи ги и тие во Европа, се во полн замав. Мракот се заканува да нè голтне сите. 

Владимир Путин е во право. Додека ја слави егзистенцијалната криза на она што го нарекува „либерализам“, тој има добри причини за триумфализам. „Либералната идеја стана застарена“, грака тој: се весели на антимигрантскиот гнев што се шири низ западниот свет, на нападот врз мултикултурализмот, па дури и ја поддржува постојаната кампања против транс-луѓето. Вие да бевте Путин, немаше да славите? Неговиот бренд на авторитаризам е надмоќен: десничарски популизам заснован на стравопочитуван диктатор, каде што провизорната демократија се чува за украс, но каде што, во практиката, суштината на демократијата е шуплива. Путинизмот навистина може да биде иднината на човештвото.

Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет, возврати на нападот, изразувајќи го своето жестоко противење на „главниот аргумент дека либерализмот е застарен“, наместо тоа тврдејќи дека: „За нас во Европа тоа се и ќе останат суштински и мошне живи вредности. Она што за мене е навистина застарено се: авторитаризмот, култовите кон личности, владеењето на олигарсите“.

Какво невидено лицемерство.

Унгарија - држава во ЕУ - веќе де факто е путинистичка нација: нејзиниот авторитарен крајнодесничарски лидер Виктор Орбан, опкружен со слични олигарси, се фали со она што го нарекува „нелиберална демократија“, која ги затвори весниците што не се согласуваа со него, прогонуваше невладини организации, затвори цел еден универзитет, ја разниша независноста на судството, поттикна омраза против мигрантите. Нејзината расцветана корупција придонесе Унгарија да биде нашироко означувана како клептократија, а му е предадена и на безобѕирен антисемитизам.

Или земете ја татковината на Туск, Полска, чија авторитарна десничарска влада исто така ја грабна судската власт, ја нападна слободата на медиумите, се обиде да го поткопа правото на протест и гневно ги шиканира мигрантите. ЕУ им дозволи да се извлечат со тоа: како што вели Мајкл Игнатиев, ректорот на Централноевропскиот универзитет, кого Орбан го избрка од Унгарија, унгарскиот кошмар уживаше во „дослух и согласност“ од ЕУ.

Помислете на Турција, која некогаш беше опишувана како демократија во подем, но чиј де факто диктатор Реџеп Таип Ердоган, кој владее преку бескрајна вонредна состојба, ги затвори и прогонуваше новинарите и противниците и ја концентрира власта во свои раце. Иако поразот на неговиот избран кандидат за градоначалник во Истанбул е причина за славење, западот продолжи да го вооружува и да го поддржува Ердоган, додека тој ги урива демократијата и граѓанските права.

Можеме да погледнеме и една поширока линија. Италијанскиот екстремнодесничарски вицепремиер, Матео Салвини, чија Северна лига е во подем во анкетите, има шанса во блиска иднина да стане лидер на земјата. Бразилскиот авторитарен десничарски лидер, Жаир Болсонаро, извлече голема корист од успешниот заговор да се спречи Лула да Силва - прогресивниот поранешен претседател на државата - да учествува на изборите на кои имаше големи шанси да победи. И погледнете ги Соединетите Држави, чиј демагошки лидер ги затвора децата во она што конгресменката Александрија Окасио-Кортез го нарече „концентрациони логори“, се обидува да воведе забрана за исламот, објавува видеа што сугерираат дека би можел вечно да биде претседател на САД и има неконтролирано авторитарно однесување.

А што е со Британија? Британскиот мит за исклучителност - секогаш преплавен со шовинизам - ја наслика нацијата како имуна на авторитарните популистички импулси. Последиците од референдумот за брегзитот ја убија оваа лага: тоа е земја каде што весниците ги осудуваат судиите како „непријатели на народот“, а противниците како „саботери и предавници“; каде што нашите водачи ги осудуваат „граѓаните на никаде“; каде што заканите за прекин на работата на парламентот - де факто државен удар - стануваат редовна појава; и каде што десниот популизам го продолжува својот подем.

Кога Путин се потсмева со „тврдењата дека сега децата можат во игрите да глумат пет или шест пола“, тој му се приклучува на заглушувачкиот хор од фанатизам: од Трамповата забрана на транс-војници до ескалацијата на анти-ЛГБТК реакциите во Бразил. Не е ни чудо што тој е толку вообразен.

Не сакам да кажам дека досега сме егзистирале во некоја легендарна златна доба. Но нема сомнение дека се случува голем рикверц: смртоносна комбинација од удар против тешко стекнатите права на жените и малцинствата и влошување на економските и социјалните неизвесности што десните демагогии ги искористуваат. Светлата се гасат - а ако пропадне алтернативната политика на надеж, мракот ќе нѐ голтне сите.

Автор: Овен Џонс

Извор: Гардијан

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе