петок, 10 мај 2024
Избори 2024

Имало отчет и за 100 дена техничка влада – Џафери рече дека со чист образ работел за граѓаните

Се обврзав дека ќе работам за интересите на сите граѓани, работев со чист образ, а како прв Албанец – премиер дадов уште еден придонес за демократијата во земјата, рече техничкиот премиеро Талат Џафери кој за својата прес-конференција рече дека ја одржува по повод 100 дена работа од владата што ја раководи. На новинарско прашање дали е подготвен со ДУИ да замине во опозиција, Џафери рече дека тој е премиер и дека тоа е прашање за органите на партијата и на  преговорите по завршувањето на изборите.

Објавено на

часот

Сподели

Спроведовме европски избори во слободни, мир, фер и демократски изборни процеси во двата изборни круга. Со тоа, со право можам да оценам дека придонесовме во европското поведение на земјата, која што стреми да биде членка на ЕУ, рече Џафери.

На новинарско прашање за бојкот од ДУИ кон претседателските избори, одговори дека било оставено на избирачите дали и за кого ќе гласаат.

„Во моето место имаше гласови и за едниот и за другиот кандидат за претседател“, рече Џафери.

На забелешката дека Артан Груби јавно демонстрирал дека не гласа за претседателските избори и дека тоа и со изјава го потврдил, Џафери одговори:

„Груби не е влада и не е партија. Јас лично ги зедов двете гласачки ливчиња“.

Џафери во оценките за својата работа рече дека Владата во изминатите 100 дена ќе се спомнува по тоа како може и како треба да се работи во интерес на граѓаните и државата.

„Се обврзав пред граѓаните дека ќе овозможиме слободно изразување на граѓанската волја на претседателските и парламентарни избори. Ова е обврска доверена согласно Уставот и законите и јас како премиер и Владата доследно ја исполнивме. Потврда на моите зборови се и честитиките и изразите на почит на нашите европски партнери. Ако по нешто се оценуваат европските и демократските капацитети на една власт, тогаш тоа се изборите“, рече Џафери.

Тој изрази благодарност до институциите и до граѓаните затоа што, како што рече, беа на висина на одговорноста и придонесуваат кон заложбите државата да напредува според европските вредности.

„Токму вака, на дело се работи за големата европска идеја. Очекувам овој процес да го следи и следниот владин состав, затоа што иднината на Северна Македонија, мирот, спокојот и перспективите на граѓаните се директно поврзани со напедокот во евроинтеграциите и реализацијата на полноправното членство во динамичен процес до 2030 година“, додаде Џафери.

Според Џафери, сега треба и мора да се продолжи по европскиот пат, со преточување на граѓанската волја во новата извршна власт.

„Граѓаните очекуваат реализација на ветеното, но и стабилно, предвидливо и стабилно општество, во кое ќе се чувствуваат сигурно и во чекор со развиениот демократски свет. Со чист образ, мирна совест и можна почит кон сите граѓани можам да оценам дека тоа што го најавив кога стапив на должност дека ќе работам во интерес на сите граѓани и државата, и го спроведов. Потврдив дека моето именување за премиер, како прв премиер Албанец е уште еден придонес во демократијата. Продолживме по стратешки евроантлански колосек, реализирав бројнис редби на знајани меѓународни настани“, додаде Џафери.

Како што рече, ги донеле сите други потребни одлуки кои се значајни за квалитетот на животот на граѓаните, согласно надлежностите од Уставот и законите.

„Овде мислам на решенија кои ги изнајдовме за приоритетните проблеми, и во таа насока, спроведена е ефикасна координација со и помеѓу институциите. Доаѓајќи од Законодавниот дом, имав прилика да се насочам и на прашањата кои што беа иницирани од поодамна, а за кои имав можност да најдам решение во својство на премиер“, потенцира Џафери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ