Пукнатина во германската влада во чиј центар е Балканот

Германија неодамна ја доби својата прва влада по Меркел, на чело со Олаф Шолц и Анален Бербок како шефица на дипломатијата. Од една од најголемите сили во Европа се очекува да има јасен и конкретен став за многубројните европски и светски проблеми, почнувајќи од Русија и настаните на границата со Украина, преку гасната криза во Европа до тензиите во БиХ. Но во владата, која сѐ уште нема еден месец работа зад себе, веќе се видливи разлики во ставовите.

Фото: ЕПА

Навидум сосема различни, социјалдемократите, либералите и зелените во почетокот на декември се обединија и ја официјализираа таканаречената коалиција „семафор“. Уште пред да се потпише коалицискиот договор беше јасно дека министерството за надворешни работи ќе ѝ припадне на Аналена Бербок од редовите на Зелените, која уште од самиот почеток беше јасна - Германија ќе има став за сите прашања и цврсто ќе го застапува. Тоа немаше да биде проблем ако нејзините прилично цврсти ставови не се разликуваа од ставовите на канцеларот Шолц.

Зелените, имено, инсистираат на „вредности“, а социјалдемократите би сакале да бидат „прагматични“. Коалицискиот договор на новата влада не обрнува премногу внимание на односот кон Централна и Југоисточна Европа, па дури ни кон Русија. Спорниот гасовод Северен тек 2, кој привлече големо внимание кај светската јавност, но и голем број проблеми, исто така не е еден од фокусите на новата германска влада.

Односите со Русија

Двете земји веќе подолга низа години имаат подеми и падови во дипломатските односи. Фактот дека намерата на Германија кон Русија не е наведена во коалицискиот договор укажува дека актерите на новата влада не успеале да ги усогласат ставовите по тоа прашање.

Социјалдемократската партија на Германија (СПД), предводена од канцеларот Олаф Шолц, се залага за благ однос кон Кремљ. СПД го застапуваше истиот став и во претходната влада, на чело со Ангела Меркел.

Зелените, од друга страна, не ги штедат критиките кон Кремљ. Новата министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, уште во самиот почеток на нејзиниот мандат го покажа тоа – ѝ се закани на Русија со „значајни последици“ во случај на инвазија во Украина, а потоа протера двајца руски дипломати откако германскиот суд пресуди дека во центарот на Берлин во 2019 година оперативецот на руската Федерална разузнавачка служба (ФСБ) Вадим Красиков го уби Чеченецот Зелимкан Кангошвили по наредба на Кремљ.

Северен тек 2

Пуштањето во употреба на гасоводот, кое го одобри Ангела Меркел, беше прекинато по промената на власта во Германија. Додека социјалдемократите го поддржаа овој амбициозен проект, други владини претставници не се согласуваа со ставот на СПД.

Зелените очекувано сакаат да го запрат „Северен тек 2“, а поддршка добиваат и од третиот партнер – Либералите (ФДП). Зелените се тие што сакаат да прибегнат кон драстични методи во случај на руска агресија врз Украина и целосно да го блокираат Северен тек 2, кој најверојатно ќе биде поддржан од лидерот на ФДП, Кристијан Линдер. Како на тоа ќе реагира канцеларот Шолц засега е неизвесно.

Пресврт на политиката кон Балканот

Една од спорните теми е областа што речиси секојдневно предизвикува главоболки во Европа - Западен Балкан. Бурбок од самиот почеток истакна дека присуството во овој регион е неопходно, како и дека итно треба да се санкционираат повиците на конфликти.

Тука повторно има несогласување, ако се земе предвид дека интересот на СПД и ФДП за Западен Балкан е, во најмала рака, скромен. Режимите на Балканот до неодамна цветаа под матријархатот на Ангела Меркел, но постапките на Бербок укажуваат дека е завршена ерата на заштита што „mutti“ им ја даваше на балканските лидери.

Министерката од редовите на Зелените јасно му се закани и на Милорад Додик дека ќе има последици доколку продолжи да инсистира на потези што го загрозуваат територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.

„Ситуацијата во Босна и Херцеговина е загрижувачка. Напорите за отцепување од ентитетот се неприфатливи. За мене лично тоа значи, а јас лобирав за тоа на маргините на самитот на ЕУ, веднаш да се применат постоечките санкции кон господинот Додик“, истакна Бурбок, додека нејзините колеги од коалицијата молчеа за превирањата во Западен Балкан.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе