Милоје Павловиќ

„Пукајте, јас и сега држам час“: професорот што одбил да се спаси и бил стрелан со неговите ученици

На еден љотиќевец херојски му возвратил, а потоа бил стрелан.

Може ли да се победи смртта? Постои ли пат до вечноста? Може ли да се живее засекогаш? Ова се прашања што човечкиот род се обидува ги одгатне откако постои. А еден човек, Шумадинец, пред 77 години покажа дека одговорот е „ДА“.

Тоа е Милоје Павловиќ, професор и директор на Машката гимназија во Крагуевац, кој на 21 октомври 1941 година ја одбил понудата на злочинците да му го поштедат животот и кој застанал во редот со своите ученици и загинал заедно со нив. „Пукајте, јас и сега држам час“ беа неговите последни зборови, со кои замина во незаборав.

Милоје Павловиќ бил коњички потполковник, учесник во балканските и во Првата светска војна. Омилен професор и директор на Машката гимназија. Учествувал во Првата и Втората балканска војна, ги поминал битките за ослободување на Косово и Метохија во Куманово и на Брегалница, ги издржал сите страдања и маки на албанската голгота, стигнал на Крф, па на Солунскиот фронт, го поминал Кајмакчалан и се борел сè до ослободувањето на Шумадија, Белград и цела Србија. Носител е на голем број одликувања, од Албанска споменица, па сè до Орденот на белиот орел со мечеви, Златен и Сребрен медал за заслуги во службата, Орденот на свети Сава од петти, четврти и трет ред. Благодарение на него беше подигнат Споменикот на паднатите Шумадинци. Тој беше личност со големо значење и авторитет, вели историчарот и академски професор Жељко Зиројевиќ за српски Телеграф.

Неговиот патриотизам и родољубие се виделе и на 27 март, кога со говор го згазил Тројниот пакт. На 21 октомври 1941 година, на 54 години, бил изнесен од училиштето заедно со учениците на погубилиште.

 

„Ако животот ми зависи од тебе, таков живот не ми треба“

„Го здогледа и му пријде еден љотиќевец, организатор на 'фашистичкиот совет' и воен злосторник, Марисав Петровиќ, и му рече: „Ене, и ти си тука…“. Милоје остро го погледна, со презир. Марисав му рече: 'Знаеш ли бре дека животот ти зависи од мене?'

Директорот на гимназијата му рекол, според сведоци што го преживеале погромот: 'Ако живот ми зависи од тебе, таков живот не ми треба'.

Со тоа Милоје Павловиќ стана легенда, а за тој свој подвиг на 27 ноември 1953 година беше прогласен за народен херој на Југославија. На денот кога е роден“, раскажува Жељко Зиројевиќ.

Го одбил понудениот живот, си ги прегрнал учениците и заминал со нив во смрт. Погребен е заедно со своите ученици, кај споменикот „Петто три“, кој симболизира птица со скршени крилја.

Последната порака на еден од учениците

Дека херојската приказна за страдањето на Милоје Павловиќ е точна потврдува и сведочењето на д-р Милан Станковиќ, кој бил ученик во осмо одделение во гимназијата и го преживеал стрелањето. Тој го запишал разговорот помеѓу својот директор и фашистите.

Му рекле дека „воспитал генерации комунисти“, а тој им одговорил: „Јас не сум комунист, ниту учениците сум ги учел на комунизам. Јас сум професор по литература и своите деца ги подучував на патриотизам. Не барам да ми помагате и не ми треба ништо од вас“, рекол легендарниот професор, кој наредното утро бил изнесен на стрелање.

Тогаш ги прегрнал своите ученици и пред да ги покоси митралескиот рафал им ја извикал на душманите легендарната реченица: „Пукајте, јас и сега држам час“.

Милоје Павловиќ ги сакал учениците како свои деца, иако тој и неговата сопруга Наталија немале деца.

Во злосторството извршено од германските окупатори во Крагуевац во 1941 година убиени се 3.063 невини граѓани, кои биле собирани од улица, од работа, од пазар. Меѓу нив имало 300 деца.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе