Првпат во историјата две нуклеарни сили се бомбардираат една со друга

Индија и Пакистан, две нуклеарни сили, се на чекор од отворена војан откако Пакистан собори два индиски авиони кои летале над спорната покраина Кашмир и влегле во пакистанскиот воздушен простор. Индија пак тврди дека и таа потоа урнала еден пакистански авиони и избркала три пакистански авиони од својот воздушен простор.

Пакистан објави и снимка од ранетиот индиски пило кој е зароебн откако неговиот авион бил соборен, како и снимка од остатоците од борбениот авион. Индиската влада во меѓувреме потврди дека најмалку еден нејзин воен авион е соборен, но дека и таа соборила еден пакистански авион. Копнените сили на Индија и Пакистан размениле во последните два дена оган на повеќе од 10 локации.

Ова е првпат во историјата две нукеларни сили да зивршат воздушни напади една врз друга, бидејќи и пакистански авиони во меѓувреме ја бомбардирале територијата на Индија, пишува Ројтерс. Како дојде до оваа невидена ескалација?

Сѐ почна кога на 14 февруари исламистичко-сепаратистичката група Џаиш е Мохамед (ЏеМ), која е базирана во Пакистан, изврши самоубиствен бомбашки напад и уби најмалку 40 припадници на индиски паравоени сили.

Ова беше најсмртоносниот терористички напад во бунтот на муслиманите во Кашмир кој трае повеќе од три децении. Индиската војска на тоа реагираше со „превентивен воздушен напад“ во вторникот рано наутро врз пакистанска терирорија по што тврдеше дека убила „голем број“ припадници на исламистичката група. Пакистан пак тврди дека индиските авиони погодиле „празен регион“.

„Во првите часови по полноќ Индија го бомбардираше најголемиот тренинг камп на Џаиш е Мохамед во Балакот“, изјави Виџај Гокхале, висок функционер на индиската дипломатија. „Во оваа операција се елиминирани голем број терористи, инструктори, команданти и џихадисти на Џаиш е Мохамед кои вежбаа терористички напади“, додаде Гокхале и истакна дека „превентивниот напад бил несомнено неопходен“, бидејќи ЏеМ подготвува нови бомбашки напади во Индија.

Засега сѐ уште не е јасно дали ова е вистина или, како што тврди пакистанскиот премиер Имран Кан, станува збор за „себично, безобѕирно и фиктивно тврдење“, односно дека Индија извршила напад врз лажна мета за да ја смири својата јавност која е гневна поради терористичкиот напад врз индиските војници, само два месеци пред избори.

Пред соборувањето на авионите, Пакистан утринава објави дека погодил „невоена мета, избегнувакќи човечки жртви и колатерална штета“ на индиска територија. „Ако Индија удира врз таканаречени терористи без трошка доказ, ние исто така го задржуваме правото да удриме врз елементи кои уживаат индиско покровителство додека вршат терористички дела во Пакистан“, соопшти пакистанското министерство за надворешни работи, веројатно алудирајќи на индиските паравоени сили.

Пакистанскиот генерал Асиф Гафур изјави дека неговата земја „немала алтернатива“ освен да одговори на вчерашните индиски воени напади на својата територија., но дека не се гаѓани воени мери „бидејќи не сакаме да одиме по патот на војната“. Не треба специјално да се напоменува дека, со три соборени авиони на двете страни, Индија и Пакистан сега тргнаа токму по тој пат.

И Индија и Пакистан го сметаат за свој цел Кашмир, но оваа покраина со муслиманско мнозинство де факто е поделена меѓу двете земји. Индија и Пакистан четири пати војуваа откако прогласија независност од Британија и потоа се расцепија, и речиси секогаш војуваат околу Кашмир.

Но, ни последниот пат кога дојде до кратка војна, во 1999 година, индиските авиони не ја минаа договорената линија на разграничување во Кашмир. Тоа последен пат се случило во војната во 1971.

Како што пишува Би-би-си, двете земји претходно договорија мерка на внимателност според која леталата со фиксирани крила, односно авиони, не смеат да летаат на 10 километри или поблиску до линијата на разграничување, а хеликоптерите не смеат да летаат на 5 километри од таа линија, без претходно да ја информираат другата страна. До вчерашната ескалација, двете страни ја почитуваа оваа забрана.

Воздушните напади, според непишаните правила со кои се одржува кревкиот мир во Кашмир, се далеку потешка ескалација од пукање преку границата, па дури и од испраќање копнени единици. Индија во 2016 изврши копнени „хируршки напади“ врз милитантски кампови преку линијата на разграничување откако палестински милитанти убија 18 индиски војници во напад.

Индиските авиони вчера наутро влегоа дури 80 километри во пакистанскиот воздушен простор без да ги детектира пакистанската војска, иако би се очекувало да биде во повисока состојба на готовност откако Индија отворено се закани со противнапад врз терористите. Тоа, пишува Би-би-си, повторно ја покажа немоќта на пакистанската воздушна одбрана. Слично нешто се случи и кога американските хеликоптери со морнарички специјалци во 2011 незабележани влетаа во Пакистан, каде специјалците го убија Осама бин Ладен и одлетаа со неговото тело.

Интересно е тоа што, како и во случајот со наведените „хируршки напади“ во 2016, Пакистан најрпво се обиде да го намали значењето на индискиот напад. Пакистанската војска најпрво изјави дека индиските авиони избегале кога Пакистан ги испратил своите авиони, за потоа да ја смени приказната тврдејќи дека местото Балакот кое го нападнаа индиските авиони е само 5-6 километри зад линијата на разграничување и дека индиските авиони гаѓале „празен регион“.

Всушност, пакистанските власти манипулираа со фактот дека постојат два града наречени Балакот, едниот веднаш покрај границата, а другиот длабоко во Пакистан, во покраината Кибер Пактунква. На овој начин, намалувајќи го значењето на индискиот напад, Пакистан најверојатно сакаше да го намали притисокот да одговори на него. Но тоа беше вчера, а веќе утринава ситуацијата драматично се сврте.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе