Што по поразот на Ердоган?

Продолжуваат преговорите за коалициска влада во Турција

Преговорите за составување коалициска влада продолжиле денес во Турција, каде што претседателот Ердоган треба да се сретне со премиерот по нивниот голем пораз на парламентарните избори.

По изборите, кои се претворија во референдум против нејзиниот основач, Партијата на правдата и развојот (АКП) на Реџеп Таип Ердоган во неделата го изгуби апсолутното мнозинство што веќе тринаесет години го имаше во парламентот, отворајќи пат за формирање коалициска влада или за нови избори.

Ердоган во првата пишана изјава ги прифатил резултатите со помирлив тон, кој се разликувал од тонот на неговата предизборна кампања, и ги повикал политичките партии да се однесуваат „одговорно“ за да се сочува „стабилноста“ на земјата.

Претседателот на државата поддржал и коалициска влада оценувајќи дека изборите на ниедна партија не ѝ даваат мандат „сама да состави влада“.

Турските медиуми пишуваат дека Ердоган денес ќе разговара за политичката состојба со претседателот на АКП и на владата Ахмет Давутоглу на кој формално треба да му го даде мандатот за формирање нова влада.

Неколку членови на владата и високорангирани функционери на АКП изјавиле вчера дека сакаат да преговараат. „Тоа е најверојатното сценарио“, оценил вицепремиерот Нуман Куртулмус.

Ако за 45 дена не се состави влада Ердоган може да го распушти парламентот и да распише нови избори.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе