Приштина бара трајна американска база на Косово

Министерот за одбрана во владата на Косово Арменд Мехај повторно побара Соединетите Американски Држави да постават трајна база на американската војска на Косово.

EPA-EFE

Во меѓувреме, истото барање до Вашингтон за време на посетата на таа земја го искажа и косовскиот премиер Аљбин Курти.

Тој во разговорите со американските функционери зборувал и за „заканата по регионот која може да дојде од воениот сојуз на Србија и Русија“ и побарал демилитаризација на копнениот појас, тврдејќи дека Србија во близина на Косово има вкупно 48 „офанзивни копнени бази“.

Според британската агенција Ројтерс, САД на почетокот на оваа година на Косово имале 635 војници стационирани главно во базата Бондстил кај Урошевац.

Најмалку три барања за постојана американска база на Косово се изнесени во текот на оваа година од страна на приштински функционери, и се продолжување на сличните барања кои од Приштина стигаат со години назад.

Интересно е што во слична акција се и властите на Албанија каде сериозно се работи на изградба на неколку НАТО бази.

„Мораме да тргнеме од тоа дека Америка одамна ги избра Албанците како сојузници на југоистокот на Европа односно на Западниот Балкан. Веќе градат две бази на просторот на Албанија, дури и една поморска, а размислуваат да ја оспособат за прифаќање на бродовите на нивната воена морнарица и тоа би била нивна трета воена база на овој простор“, кажа за Раша тудеј Балкан професор д-р Митар Ковач, српски генерал во пензија.

Ковач објаснува дека овој простор е „централниот дел на Балканот, централниот простор на југоисточна Европа, од каде силите можат лесно да се упатат во која било насока, по копно, воздух или море, поради што се градат и завршуваат одредени врски“.

„Знаеме дека во проектите на Европската Унија е предвидено што побрзо да се изгради автопат од Драч, односно Тирана, до Мердаре со што би постоел цел автопат до албанското приморје, како и да се изгради железничка пруга, покрај постоечките комуникации со Солун и Црна Гора“, вели тој.

Засега нема достапни податоци кои се однесуваат на тоа какви или во кој обем би биле американските сили стационирани во базата на Косово која упорно со години ја бараат властите во Приштина.

„Според природата на силите и поддршката и потребата за ангажирање кон југоистокот на Азија, кон јужна и југоисточна Европа, кон Блискиот Исток, кон црноморскиот регион, местото на кое е планирана базата, Косово, е добра основа за стационирање копнени сили, а противвоздушната заштита би била соодветна на самата база, значењето, близината и степенот на загрозеноста“, наведува Ковач.

Инаку, од средината на 1999 година, од формирањето на базата Бондстил, која од почетокот служи првенствено за стационирање на американските војници на Косово, четири или пет пат имаше најави за нејзино можно затворање.

Кога во 2011 година тогашниот амбасадор во Приштина Кристофер Дел најави затворање на Бондстил, и тоа во рамки на мерките за штедење, набрзо стигна демант на генералот Ерхард Билер, командантот на Кфор кој кажа дека таа база ќе трае „колку и мисијата на американските воени сили на Косово“.

Неполна година по изјавата на Дел за затворање на базата, сите дилеми ги отстрани полковникот Џефри Лејтен, тогашниот командант на американските единици на Косово, кој кажа дека нема ништо од повлекувањето на американските сили од Бондстил. На идејата за напуштање на Бондстил жестоко се спротивставија и албанските лобисти барајќи Американците да останат барем „додека се реши прашањето со северот на Косово“.

„Постоечката база Бонстил никако не е замена за некоја идна база на САД на Косово. Кога нема да го има Кфор, односно ако Америка успее низ ОН да ја протне таа лажна држава, и таа да опстане, Американците знаат дека токму тука би имале најевтино базирање на силите во Европа. Токму на албанскиот простор би биле ослободени од многу трошоци и давачки кои инаку ги имаат во базите низ Европа“, смета професорот Ковач.

Тој истакна дека оската „која оди од албанскиот брег, преку Албанија, Косово, моравската долина кон централна Европа е исклучително важна“.

„Тоа го покажа историјата. Сите операции во минатото го зафаќаа тој геопростор, мислам на Балканот, и се однесуваат на него. Кога ќе ги погледнеме американските интереси насочени кон истокот, кон Русија, кон регионот на Црно Море, тоа е природниот пат по кој сакаат да изградат комуникации и со автопати и со железница и што побрзо да дојдат до границите на Романија, Бугарија, односно државите во првиот ешалон кон Руската Федерација“, вели Ковач.

Кога пред неколку години во романското место Дивосело, во рамки на противвоздушниот штит на НАТО беа поставени системи „патриот“, Русија веднаш порача дека тој дел од Романија станува легитимна мета на руските сили.

„Тоа, нормално, важи и за секоја локација каде било во светот, а особено тука во Европа каде има кризно жариште и, особено на југоистокот на Европа кога имаме предвид од каде би доаѓале тие сили, каде би се групирале и каде би престојувале. Просторот на Косово во оперативна и стратегиска смисла на кризата во Европа е исклучително значаен и од тука и овие притисоци, забрзување на процесот за што побрзо да се обезбеди самостојноста на таа лажна држава“, вели српскиот генерал.

На самиот почеток, во базата Бондстил која го добила името по Џејмс Бондстил, одликуван ветеран од војната во Виетнам, имаше и до 7.000 американски војници од елитните единици, маринци, ренџери, падобранци, зелени беретки.

Десетина години по формирањето на Бондстил, оваа база беше предмет на шпекулации дека таму би можело од Романија и Бугарија да бидат разместени некои делови од ПВО ракетниот штит на НАТО, но таа идеја потоа пропадна.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе