Предупредувачките знаци на една подолга пандемија

Колку повеќе луѓе се вакцинираат сега, толку помала ќе биде улогата на ковид-19 во нашите животи.

Фото: ЕПА

Сите нешта што можат да ја продолжат пандемијата на ковид-19, што може да го направи овој вирус дел од нашите животи подолго отколку што кој било сака, се одвиваат пред нашите очи.

Во моментов САД сè уште прават фантастичен напредок во однос на вакцинациите. Но бидејќи варијантите на вирусот предизвикуваат нови епидемии и инфицираат повеќе деца, САД можат да насетат и што би можело да се случи во иднина доколку вакцинацијата почне да забавува, што експертите стравуваат дека наскоро ќе се случи.

Британската варијанта предизвикува нов наплив на случаи, новите соеви почнуваат да заразуваат повеќе деца, што ја обновува пандемијата „од почеток“.

Ова навестува подолга и помрачна иднина со коронавирусот со која можеме да се соочиме без доволно вакцинирање.

Колку пошироко успее да се рашири вирусот, толку повеќе можности има тој да мутира. Ако светот не вакцинира доволен процент од населението, ќе му дозволиме на вирусот да се шири и да продолжува да мутира, продолжувајќи со нови и нови варијанти што ќе претставуваат нови закани.

Ако не го контролираме вирусот доволно добро, тогаш дури и наредниве години би можеле да дочекаме повеќе нови варијанти - од кои некои може да бидат поубиствени, некои може да бидат поотпорни на вакцини, некои може да бидат поопасни за одредени специфични популации.

Тоа би се претворило во постојан ризик од болест или потенцијална смрт за невакцинираните лица и нови трки за преработка на вакцините, како што ќе се појавуваат новите варијанти.

Оваа помрачна иднина може да се спречи, вели Аксиос, а начинот да се спречи тоа е нашето изобилно снабдување со вакцини.

Колку повеќе луѓе ќе се вакцинираат сега, толку помала ќе биде улогата на ковид-19 во нашите животи.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе