Предавство, безобразлук: Скандал во Хрватска околу жртвите на Вуковар

Предавство, продажба, безобразлук, лажирање на историјата, недоследност, лицемерие, кукавичлук... се само некои од термините во хрватската јавност како увертира на годинешното одбележување на Денот на сеќавањето на жртвите на Вуковар, сеќавањето на 18 ноември 1991 кога по 87 дена крвави борби беше скршена одбраната на Вуковар во која загинаа 2.717 луѓе и исчезнаа 386, пишува Јутарњи лист.

EPA-EFE

Како и секоја година, а особено во оваа деценија, нивната жртва на крајот се претвора во полигон за политички конфликти и политиканство, па така и оваа година во која Денот на сеќавањето е дополнително во фокусот бидејќи се одбележува под чудни, а за јавното здравје и опасни околности, условени од коронавирусот.

„Предавство, продажба, безобразлук, лажирање на историјата“, се термините со кои владата на ХДЗ ја почестија градоначалникот на Вуковар Иван Пенава и неговата заменичка Ивана Мујкиќ, довчерашни членови на ХДЗ, пишува Јутарњи лист.

Повод за тоа беше објавата во понеделникот дека вчера на „полагањето венец за настраданите жители на Вуковар од српска националност на брегот на Дунав, а потоа и кај спомен-обележјето Овчари“ во придружба на Милорад Пуповац и Борис Милошевиќ, ќе биде и Веран Матиќ претставникот на српскиот претседател Александар Вучиќ, и во име на владата на Република Хрватска државниот секретар Звонко Милас.

Појавата на Милас во тој контекст предизвикала ка Пенава и Мујкиќ шок, бидејќи станува збор за вуковарски бранител, еден од командантите на одбраната на Борова населба. Мујкиќ веднаш на Фејсбук напиша дека се чувствува „издадено и продадено“ и дека се „срами од својата држава и партијата чиј член била“.

„Кому тоа господинот Милас во име на хрватската влада и ХДЗ, чиј член е, ќе му фрли венец во Дунав?! Очигледно на оние кои загинаа вршејќи агресија на нашиот град, на неговиот град меѓу другото!“, напиша Мујкиќ, додека Пенава се праша „што тоа се случило на 17 ноември во Вуковар, само еден ден пред 18 ноември? Што е тоа што заслужило положување венци од страна на владата на РХ во Дунав?“

Додаде дека „17 ноември е одбран намерно и безобразно пред 18 ноември за да се намали хрватската, вуковарската траума и жртва, бидејќи ете, и другата страна ја има и за да се подели одговорноста за војната и злосторствата“, порача Пенава обвинувајќи ја хрватската влада дека „заедно со владата на Србија учествува во обидот за фалсификување на неодамнешната хрватска историја“.

Од хрватска влада во меѓувреме тишина. А потоа, по 15-16 часа соопштение. Погрешна е, напишаа, информацијата за учеството на Милас во положувањето венец во Дунав. Тој требало да биде само дел од таа делегација на Овчари, за на крајот воопшто да не дојде, а вината за „недоразбирањето“ врз себе ја презема политичкиот претставник на Србите во Хрватска Пуповац.

„Јас згрешив. Господинот Милас за жал стана жртва на недоразбирање, недоволна и нецелосна комуникација која доведе до тоа да го најавиме таму каде што не беше планиран да биде. Жал ми е што поради тоа сега го напаѓаат“, кажа Пуповац, истакнувајќи дека во Вуковар дошле да покажат дека „независно од тоа кој ден е, кога и каде се положуваат венци, ние жртвите не ги делиме ниту издвојуваме. Тие сите се наши“.

Кажа и дека тоа не е никаква игра „туку пиетет и упорна борба за мир, бидејќи тоа оди заедно и кој ги раздвојува и мисли дека едното може брз другото тешко и нехристијански греши, Во Вуковар и Хрватска никој не смее да биде заложник на комеморациите, а политиките кои тоа го прваат не се пиететски, не се за мир“.

Откако штабот за цивилна заштита на Хрватска дозволи на денешен ден да се укине забраната за собирање на повеќе од 50 луѓе за да се одржи комеморацијата на жртвите на Вуковар, со почитување на епидемиолошките мерки, организаторите најавија дека очекуваат до 10.000 луѓе.

На гробиштата се посебно означени местата за стоење за време на положувањето на венците и мисата, а на крајот сè ќе зависи од бројот на луѓето и нивната дисциплина. Некои лекари оценија дека „одбележувањето на Денот на сеќавањето со кршење на епидемиолошките мерки го валка сеќавањето на жртвата на бранителите на Вуковар и претставува чин на лицемерие и кукавичлук. Сè она што не беа бранителите“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе