Пред 40 години исламистите завладеаја со Иран

Иранскиот претседател Хасан Рохани, обраќајќи се на 40-годишнината на Исламската револуција, кажа дека „американскиот заговор“ е осуден на пропаст и дека Иран ќе продолжи да ја развива својата воена програма и покрај притисокот од непријателските земји.

Во говорот одржан вчера на централниот плоштад Азади (Слобода), Рохани им се обрати на граѓаните во спомен на 11 февруари 1979 година, денот на кој иранската војска прогласи неутралност и така го отвори патот за пад на монархијара предводена од шахот Реза Пахлави, тогашниот наблизок сојузник на Соединетите Држави на Блискиот Исток.

„Денешното излегување на народот на улиците низ Исламската Република Иран значи дека непријателот никогаш нема да ги оствари своите демонски цели“, кажа Рохани.

Иранската државна телевизија емитуваше снимки од десетици илјади луѓе со ирански знамиња како извикуваат „Смрт на Америка“, слоган кој традиционално се врзува за Исламската револуција.

На еден од транспарентите пишуваше „На изненадување на Америка, револуцијата го прослави 40-от роденден“.

Во исламскиот свет 40 години е синонимот за зрелост и е особено симболичен бидејќи на таа возраст, според традицијата, Мухамед го примил божественото знаење и почнал да го шири Куранот.

Иран е решен да ја шири својата воена моќ и да ја развива програмата за балистички проектили и покрај притисокот од непријателските земји кои сакаат да ги скршат иранските одбранбени способности, порача Рохани.

„Не сме барале и нема да бараме дозвола за развој на различни проектили и ќе продолжиме по својот пат во својата воена моќ“, кажа тој обраќајќи се на толпата на плоштадот Азади.

Големиот одѕив на граѓаните на собирот организиран од државата се случи во време кога земјата е во тешка економска ситуација, соочена со поскапувањето на храната, но и со недостиг од храна и со висока инфлација која веќе предизвика огорчени протести.

Според Меѓународниот монетарен фонд, иранската економија во 2018 влезе во рецесија и БДП во 2019 би требало да падне за 3,6 отсто.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече својата земја од Меѓународниот договор за нуклеарно оружје, кој Иран го потпиша со шесте светски сили, а потоа ги врати санкциите против Иран и им се закани на трети држави дека ќе ги нападне со американски санкции ако продолжат да соработуваат со Иран.

Иранската власт истакнува дека американската политика кон Иран е „економска војна“.

САД е сојузник на регионалните сили и нафтни монархии во Персискиот Залив, пред се на Саудиска Арабија, кои се држави од сунитскиот ислам на кои шиитски Иран им е најголемиот непријател. Двата табори учествуваат на спротивставени страни во блискоисточните војни за превласт во Јемен, Ирак и Сирија.

Прославата на 40-годишнината на Исламската револуција почна на годишнината на враќањето на тогашниот верски лидер ајатолахот Рухолах Хоменини од егзил во Иран на 1 февруари, кој се одбележува како првиот ден од „декадата на Зората“, а станува збор за десетгодишниот период од враќањето на Хомеини до конечната победа на револуцијата, на 11 февруари 1979 (22 ден од месецот бахман 1357 година според иранскиот календар).

Исламската револуција, предводена од свештенството, го урна шахот, ја укина монархијата и доведе до прогласувањето на Исламска Република Иран.

Хомеини со своето дејствување помогна да се урне монархијата која траеше повеќе од 2.000 години и беше врховен верски лидер сѐ до смртта во 1989, кога имаше 86 години.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе