Пред 16 години беше убиен Зоран Ѓинѓиќ, првиот демократски избран премиер на Србија (ВИДЕО)

На денешен ден пред шеснаесет години беше убиен првиот демократски избран премиер на Србија, Зоран Ѓинѓиќ.

Доктор по социологија и филозофија, лидер на српската Демократска партија и првиот некомунистички градоначалник на Белград од распаѓањето на Југославија. Ѓинѓиќ ја водеше српската влада од 25 јануари 2001 до 12 март 2003. Нешто повеќе од две години, но за тоа време го почна процесот на демократизација на српското општество и коренити економски и социјални реформи. Но тој процес, кој очигледно не им одговараше на дел од српските елити, беше брутално сопрен.

Ѓиншиќ имаше 50 години кога беше убиен – погоден со снајперски истрел тој ден во 12:25 пред зградата на владата во Белград. Атентатот го изврши Звездан Јовановиќ, припадник на српската Единица за специјални операции (ЈСО), попозната како Црвени беретки, Тигри или Аркановци, по својот поранешен командант Жељко Ражњатовиќ Аркан.

Иако Јовановиќ го изврши атентатот со помош од најмалку уште 11 соработници кои во тоа време биле распоредени околу местото на убиството, на крајот беа осудени само тој, илорад Улемек Легија, шефот на озлогласената ЈСО и еден од водечките луѓе на подеднакво озлогласениот Земунски клан. Мафијата, разузнавачките служби и специјалните сили беа тесно поврзани во тие години, во хаотичниот транзициски период по падот на Слободан Милошевиќ. А токму Земунскиот клан во тие години беше најмоќниот мафијашки клан во Србија и една од најмоќните криминални организации во југоисточна Европа.

Ѓинѓиќ беше застрелан во моментот кога тој и неговата придружба пристигнаа пред зградата на владата во автомобилска колона. Кога излезе од автомобилот еден куршум го погоди директно во срце, а вториот погоди негов телохранител. И покрај хируршката интервенција, Ѓиѓиќ почина во 13:30 часот во Ургентниот центар во Белград.

По атентатот во Србија беше прогласена вонредна состојба, а наскоро беше спроведена и голема полициска акција наречена „Сабја“, во рамки на која беа уапсени над 10.000 луѓе. Во неа беа уапсени членови на Земунскиот клан, но и сите оние за кои се сомневало дека имале какви било врски со кланот или атентатот. Претседателот на Србија Војислав Коштуница ја осуди оваа акција, прогласувајќи ја за насилство и кршење на граѓанските и уставните права.

Легија успешно се криеше од полицијата цели 14 месеци, а се предаде дури откако Коштуница стана премиер. Легија при предавањето кажа дека „има доверба во новата власт“. Тој и Луковиќ на крајот сепак беа осудени на по 40 години затвор, но нарачателите на атентатот никогаш не беа фатени.

Зоран Ѓиѓиќ беше еден од основачите на српската Демократска странка, а од 1994 до убиството и нејзин претседател. Беше и првиот некомунистички градоначалник на Белград по 1945 и првиот премиер на Србија по падот на режимот на Слободан Милошевич во октомври 2000 година и доаѓањето на власт на Демократската опозиција на Србија (ДОС), широката опозициска колаиција од дури 17 партии. За време на мандатот на Ѓинѓиќ почна процесот на демократизација на општеството, бројни економски и социјални реформи, а неговата влада силно се залагаше за соработка со Хашкиот трибунал за воени злосторства. За време на мандатот на Ѓинѓиќ беа уапсени и испратени во Хаг неколку обвинети, меѓу кои и самиот Милошевиќ.

Политичката заднина на атентатот на Зоран Ѓинѓиќ, и покрај притисоците од јавноста и дел од политичките партии, никогаш не беше откриена.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе