Против таквиот став се изјасниле 11 отсто, покажуваат резултатите на истражувањето која за хрватски РТЛ го направила агенцијата Промоција плус.
Жените се почести заговорници на таквиот однос (67,6 отсто), како и најмладата популација (70,2 отсто) и најобразованите (75,8 отсто), како и граѓаните кои живеат во Севернојадранскиот регион (71 отсто).
Членството на Хрватска во НАТО, според ова истражување, го поддржуваат 54,9 отсто од граѓаните, додека 17,8 отсто од анкетираните не се сложуваат со хрватското членство во Алијансата.
Мажите се почесто за членството од жените (58,3 отсто наспроти 51,8 отсто), како и помладите во однос на постарите. Половина од хрватските граѓани (47,8 отсто) сметаат дека членството во ЕУ ѝ донело на Хрватска повеќе добри од лоши работи, а само 18,5 отсто не се сложуваат со таквиот став.
На мажите почесто отколку на жените им е прифатлив овој став за корисноста на членството (52,5 отсто наспроти 43,5), додека најголемата концентрација заговорници на членството е забележана во старосната група од 31 до 40 години (52,5 отсто) и меѓу најобразована популација (53,5 отсто).