Повеќето граѓани на Србија не веруваат во официјалните податоци за коронавирусот

Повеќето граѓани на Србија немаат доверба во официјалните информации на институциите за епидемијата на коронавирусот, а за време на крајот на предизборната кампања повеќе од 50 отсто го оцениле нивото на информирање за коронакризата како незадоволувачко, покажуваат истражувањата на агенцијата Валикон.

EPA-EFE

Нивото на информираноста за епидемијата на коронавирусот 54 отсто од граѓаните го оценуваат како „незадолувачко“, додека 65 отсто ја истакнале недовербата во официјалните информации на надлежните нституции, се наведува во истражувањето.

Загриженост поради ширењето на коронавирусот изразиле 79 отсто од анкетираните граѓани, што е девет отсто повеќе од периодот пред еден месец.

Дека мерките за превенција за контрола на ширењето на заразата се преблаги оцениле 44 отсто од граѓаните на Србија, додека влошување во следниот период предвидуваат 74 отсто од анкетираните, што е истовремено и најпесимистичниот став од почетокот на пандемијата.

Страв од должината на траењето на коронакризата има секој втор анкетиран, а најголем е процентот на оние кои стравуваат за своите најблиски – 70 отсто.

Регионалната агенција за истражување на пазарот Валикон наведува дека истражувањето е направено врз „национално репрезентативен примерок“ по возраста, полот и образованието.

Контрадикторните информации, недовербата во официјалните податоци и нивните разлики како и високиот процент на незадоволство на граѓаните околу информирањето на медиумите се групата причини кои можат да се толкуваат како причина за високиот степен на загриженост за ширењето на коронавирусот, се наведува во истражувањето.

Агенцијата Валикон освен во Србија ги следи реагирањата на населението во БиХ, Словенија и во Хрватска, а резултатите покажуваат дека просекот на загриженост околу ширењето на вирусот кај граѓаните на Србија во досегашните мерења е највисок во споредба со регионот и од почетокот на епидемијата варира од 70 отсто денес и 90 отсто од крајот на март, по различните реагирања на епидемијата, како и наглата промена на секојдневието и намалената безбедност.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе