Повеќето Германци сакаат ковид-пасоши

Повеќето жители на Германија сакаат да се воведат ковид-пасоши со кои на вакцинираните лица би им се овозможило посетување на театри, сали за вежбање, спортски настани или би им се олесниле потенцијалните патувања.

EPA-EFE

Според податоците на анкетата која за агенцијата ДПА ја спровела компанијата Југов, за воведување таква „зелена пропусница“ веднаш, по примерот на Израел, се изјасниле 16 отсто од анкетираните.

Најголемиот процент Германци, 44 отсто од нив, е за воведување ковид-пасоши, но сметаат дека треба да се причека додека на сите германски државјани не им се понуди вакцина, што, според сегашните планови, треба да се реализира до 21 септември.

35 отсто од учесниците на анкетата се против воведувањето таков документ бидејќи на вакцинираните би им дал предност во однос на невакцинираните.

Податоците се засновани на интернет анкетата на компанијата Југов Дојчланд, во која од 24 до 26 февруари учествувале 2030 анкетирани, а резултатите се репрезентативни за германската популација на возраст од 18 години и повеќе.

Израел својот „зелен пасош“ го претстави минатата недела. Таквиот документ им пружа бројни погодности на сите кои оздравеле или се вакцинирани од ковид-19.

Ограничувањата во Израел се намалени и за невакцинираните лица, но тие имаат значително помалку слободи.

Шефовите на државите и владите на членките на Европската Унија се согласија во четврток дека договорот за европски пасош како потврда за вакцинираност треба да се реализира во следните три месеци.

Сè уште не е сосема јасно какви ќе бидат правата на носителите на таквите пасоши.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе