Ново истражување

Повеќе од половина Британци се изјаснуваат како атеисти

Секуларизмот е во пораст во Обединетото Кралство, покажуваат најновите истражувања за религиозноста на Британците, при што јасно се истакнуваат разликите меѓу генерациите и самоувереноста на младата популација да се изјаснуваат како атеисти.

Само 1 отсто од Британците на возраст од 18-24 години се изјаснуваат како припадници на Англиканската црква, судејќи по анкетата на Општествените уверувања на Британците (БСА) од 2018. Дури и меѓу најрелигиозните, групата на возраст над 75 години, еден од тројца луѓе се изјаснува како верник.

Во сите возрасни групи од помладата генерација сѐ поретко се сметаат за верници.

„Опаѓањето на религиозноста е еден од најважните трендови во повоената британска историја“, се вели во извештајот на БСА.

52 отсто од Британците не се изјаснуваат како припадници на ниедна религија, додека во 1981 биле 31 отсто. Процентот на декларираните христијани во тој период опаднал од 66 отсто на 38 отсто.

„Британија не е помалку религиозна затоа што луѓето ја губат верата, туку затоа што местата на постарите, порелигиозни луѓе во популацијата ги заземаат млади, нерелигиозни луѓе“, се додава.

„Опаѓањето на религиозноста во Британија е генерациско нешто. Луѓето се помалку религиозни од своите родители, а нивните деца од нив“, пишува извештајот.

Нерелигиозните родители имаат големи шанси нерелигиозноста да ја пренесат на своите деца, додека религиозните имаат само 50 отсто шанси децата да им бидат религиозни.

Поимот „нерелигиозен“ во Британија станува сѐ поидентичен на поимот атеист. Еден од четворица Британци денес не верува во бог, додека во 1998 истото го тврдел еден од десет, затоа може да се зборува дека „религијата станува приватна работа на поединецот кој е и понатаму верник“.

Процентот на нерелигиозни луѓе пораснал од 14 на 33 отсто во последните две децении.

Без оглед на опаѓањето на религиозноста, луѓето во Британија главно се толерантни кога станува збор за религиските уверувања на другите луѓе. Повеќето анкетирани, и атеисти и верници, имаат позитивно мислење за луѓето кои припаѓаат на одредена вера.

Само 3 отсто се против склучувањето верски мешани бракови, додека 82 отсто кажале дека би прифатиле некој од нивното семејство да се венча со лице од друга религија.

Со опаѓањето на религиските уверувања расте и довербата во научните институции, при што на луѓето универзитетските научници им се подоверливи од корпоративните (82 отсто наспроти 67 отсто).

Само 11 отсто од Британците им веруваат на црквите и религиските институции, наспроти 36 отсто колку што веруваат во образовниот систем, 16 на бизнис секторот и индустријата и 8 отсто на пратениците во парламентот.

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе