Поранешниот шеф на британските конзервативци: Штета што не можат двете партии да ги изгубат изборите

Мачните дебати околу брегзитот ги продлабочија политичките поделби во Британија во последните три години. Пред предвремените избори во четврток, голем број гласачи се незадволни од своите политички лидери и не знаам кому да го дадат гласот.

86-годишната Моли Бенет добро го отсликува расположението на многу гласачи пред изборите за кои веројатно повеќето луѓе би сакале воопшто да ги нема.

Бенет, од јужниот град Саутемптон, вели дека не може да гласа за „црвениот“ Џереми Корбин, левичарот кој ја предводи опозициската Лабуристичка партија.

„Инаку гласам за конзервативците, но не можам да го поднесам оној кловн“, вели таа мислејќи на лидерот на партијата и владата Борис Џонсон.

„А не можам да замислам некој трет за кого би гласала“, додава таа.

Има сѐ повеќе гласачи и политички аналитичари, вклучувајќи ги критичарите на Џонсон и Корбин во сопствените партии, кои зборуваат слично.

„Штета што не можат двете страни да ги изгубат изборите“, вели Крис Патен, поранешен лидер на конзервативците и последниот британски управител на Хонг Конг.

Џонсон конзервативците ги претвори во „тесна, речиси секташка англиска националистичка партија“, вели Патен, сега пратеник во горниот дом на парламентот.

Тој не мисли ништо подобро за лидерот на опозицијата.

„Не мислам дека Корбин е лош човек, но е безнадежен. Неговата социјалистичка економска политика би била вистинска катастрофа“, тврди тој.

Институтот за фискални студии, британска аналитичка група, ги анализираше изборните програми на лабуристите и конзервативците и заклучи дека ниедна страна нема веродостоен план за трошење и дека не е искрена кон гласачите кога станува збор за финансиите.

Според британскиот мнозински изборен систем, во кој секој пратеник се бира во изборна единица, гласачите ионака не можат директно да гласаат кој ќе ја води земјата.

Но, изгледа дека многумина во своите единици гласаат врз основа на она што го застапуваат партиите и нивните лидери.

Како Џонсон и Корбин, лидерите на двете помали партии кои излегуваат на изборите во Англија и Велс, Џо Свинсон од Либералните демократи, противниците на брегзитот, и Најџел Фараџ од Партијата за брегзит, се исто непопуларни.

Двете партии пред неколку месеци се надеваа на добар резултат на изборите, ако не во бројот на пратеници, секако во процентот од гласовите, но анкетите покажуваат дека поддршката им опаѓа.

Џонсон успеа овие избори да ги претвори во двопартиски, во судир на неговите конзервативци со Корбиновите лабуристи кои „се колебаат и плеткаат околу брегзитот“.

„Ова во иднина ќе биде познато како избори со ужасни опции“, вели проевропски ориентираниот, но поранешен конзервативен пратеник Ник Болс.

Џонсон е „компулсивен лажго кој ги издаде сите што некогаш со него имале работа“, а Корбин „само се грижи за класните судири и борбите меѓу апстрактните политички сили“, вели Болс.

Некои гласачи, како Болс и Патен, најрадо би виделе парламент во кој никој нема мнозинство. Но тоа тешко ќе се случи бидејќи конзервативците според анкетите имаат поддршка од 44 отсто од гласачите, што, ако се потврди, ќе им гарантира комотно мнозинство.

Многу помала веројатност е дека Корбин ќе добие шанса да формира малцинска влада со поддршка од Шкотската национална партија или либералните демократи.

„Во ваквиот изборен систем, за жал, единствено што може да направиме е да гласаме за неизвесен парламент“, вели Патен.

Болс најавува дека ќе гласа за либералните демократи бидејќи верува дека ќе инсистираат на најблизок однос со ЕУ по брегзитот.

„Но најмногу затоа што либералните демократи ќе инсистираат на изборна реформа и воведување на пропорционален изборен систем кој е нужен за да се ослободиме од тиранијата на двете големи партии и да ја отвориме бротанската политика за нови и свежи сили“.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе