Поранешен шеф на ЦИА: Вашингтон се враќа на Балканот, а тоа не е добро

Стив Мејер, поранешниот шеф на ЦИА на Балканот, во авторски текст за српски Недељник, наведе дека Америка всушност не ја интересира Балканот ниту луѓето кои тука живеат.

Администрацијата а американскиот претседател Доналд Трамп повторно се вплетка во прашањето на Балканот, као што вели Мејер, од две причини, а едната од нив е Русија и сега на таа територија се води „шпионска војна“. На балканските политичари, а пред сѐ на Србија, тој им порачува да се изборат сами за тоа што го сакаат.

Мејер својот текст го почнува со потсетување дека Трамповата администрација решила дека е време повторно да се позанимава со Балканот, кога во август минатата година Метју Палмер, заменик помошник на државниот секретар, стана и специјален претставник за западниот Балкан.

Владата на САД го ангажираше и сегашниот американски амбасадор во Германија Ричард Гренел како специјален претставник за дијалогот меѓу Србија и Косово. Палмер има искуство со Балканот, Гренел нема, истакнува Мејер.

„Но, без оглед дали имаат искуство на Балканот или не, двајцата се поврзани со скриената политика на Стејт департментот која не се менува 25 години“, истакнува поранешниот шеф на ЦИА, и објаснува дека таа политика накратко може да се опише со тоа што американските лидери со години верувале дека Америка лично Бог ја ангажирал да го „спаси“ светот со тоа што ќе ја шири демократијата по планетата, особено меѓу луѓето, според мислењето на овие лидери, кои не се способни да се грижат за себе.

„Со ваквиот став САД се вклучија во војните за балканското наследство во 1993 година. Кога тие војни завршија во 1995 со потпишувањето на договорот во Дејтон, САД помислија дека им донеле мир, просперитет и демократија на Босна и на остатокот од Балканот. Америка стана помалку заинтересирана за Балканот по Дејтон, и така беше сѐ до 1999, кога владата помисли дека треба да се „спаси“ Косово, и да се признае како независна држава. Во следните дваесет години Вашингтон повторно обраќаше многу малку внимание на овој регион, претпоставувајќи дека им успеала „благородната“ работа во градењето демократска држава. Но, стана јасно дека американски напори на Балканот се далеку од успешни и Вашингтон сега повторно верува дека останало уште малку да се работи“, пишува Мејер.

„Во изминатите неколку години имаше разни повици Америка повторно да се вклучи во балканските прашања. Тие повици беа предизвикани од погрешната претпоставка дека Вашингтон ги има одговорите на комплицираните прашања во регионот. Но Вашингтон ги нема, и не е особено интересиран за Балканот сам по себе, ниту пак за луѓето кои живеат на Балканот“, истакнува тој.

Трамповата администрацја сака да се врати на Балканот од две големи причини. Прво, бидејќи регионот не игра по американскиот диктат во последните 25 години, а Вашингтон верува дека единствениот пат Балканот да тргне напред е да почне да го прави она што го кажува Америка. Второ, Вашингтон е заинтересиран за Балканот бидејќи тука се Русите.

Америка и Русија се вратија во регионот и сега спроведуваат разузнавачки, дипломатски, политички и безбедносни активности едни против други. Двете земји го користат Балканот како примарен фронт на кој ги шпионираат и контрашпионираат другите, покрај разните други скриени активности, истакнува Мејер.

Во исто време, тие спроведуваат отворена пропаганда и безбедносни операции. Прашањето на Косово е важно за Вашингтон – и Москва – не затоа што ги интересира доброто на Косово, туку затоа што сакаат да се надмудрат едни со други.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе