Асошиетед прес

Поради паниката и стравот, се игнорира фактот дека над 60.000 пациенти со коронавирус оздравеа

Во екот на сиот тој страв, карантини и трупање храна, лесно е да се игнорира фактот дека повеќе од 60.000 луѓе оздравеа од коронавирусот што се шири низ целиот свет.

Вирусот може да предизвика различни степени на болест и е особено проблематичен за постарите лица и за лицата што веќе се болни, кои се изложени на ризик од сериозни ефекти, вклучително и пневмонија.

Но кај повеќето од заразените, коронавирусот создава само благи или умерени симптоми, како треска и кашлица, при што огромното мнозинство оздравува од вирусот, вели Асошиејтед прес.

Според Светската здравствена организација, луѓето со лесна болест оздравуваат за околу две недели, додека на оние со потешко заболување може да им требаат од три до шест недели за да закрепнат. Во континентална Кина, каде што експлодира вирусот, тој е дијагностициран кај над 80.000 луѓе, но повеќе од 58.000 веќе се опоравиле.

Бидејќи разликата во симптомите може да биде толку голема, глобалните здравствени власти имаат тешка задача да ја алармираат јавноста за опасностите на вирусот без да создадат паника, вели агенцијата.

Огромните последици од вирусот веќе се шокантни: тој ги потресе светските финансиски пазари. Глобалните цени на нафтата ги претрпеа своите најлоши падови од Заливската војна во 1991 година, а во Италија и во Израел се воведени нови забрани во периодот додека се приближува Светата недела.

Но дури и некои од најранливите пациенти можат да се изборат со оваа болест, вели АП и го дава примерот на 89-годишниот Јуџин Кемпбел, кому му е дијагностициран коронавирус и е хоспитализиран во Вашингтон, но веќе заздравува.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе